Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран потврди дека договорот со САД е финализиран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран потврди дека договорот со САД е финализиран
СВЕТ

Иран потврди дека договорот со САД е финализиран

Објавено June 15, 2026 12:24
Сподели
Сподели

Врховниот совет за национална сигурност на Иран објави денеска дека го финализирал договорот со Соединетите Американски Држави, со одобрение на врховниот лидер на земјата Моџтаба Хамнеи, јави ДПА.

Соопштението на Советот со ваква содржина денеска беше објавено од страна на иранската новинска агенција „Тасним“. Преговорите завршија вчеравечер, прецизираа од Советот.

Според соопштението, рамковниот договор предвидува итен прекин на борбените дејства на сите фронтови, вклучително и во Либан. Документот, исто така, повикува на итно и целосно укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади, изјави дека обврските на Иран според договорот ќе стапат во сила дури по официјалното потпишување на документот во петок.

Врховниот совет за национална сигурност на Иран е највисокиот орган за носење управни одлуки во државата и е подреден единствено на иранскиот врховен лидер.

Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во одделни телефонски разговори со своите колеги од Турција, Ирак и Египет истакна дека израелските напади врз Либан мора целосно да запрат и дека САД ја носат одговорноста за спроведување на рамковниот договор за прекин на војната. Ова беше објавено на официјалниот канал на Арагчи на платформата Телеграм.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го прослави 80. роденден со УФЦ борби во Белата куќа
Следна Статија Законот што треба да го замени „балансерот“ пред пратениците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бела куќа: САД и Македонија договорија рамка за фер и реципрочна трговија

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа. Во заедничката…

February 13, 2026
СВЕТ

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Повеќе од 90 луѓе во Газа беа убиени во израелските напади во текот на изминатите 48 часа, соопшти денеска Министерството…

April 19, 2025

Хонгконшки суд го прогласи Џими Лаи за виновен за седиција и колаборација со странски сили

78-годишниот активист беше обвинет според контроверзниот закон за национална безбедност на Пекинг, донесен во 2020 година.

December 16, 2025
СВЕТ

Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“

Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?