Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Исчезнаа американски војници кај границата со Белорусија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Исчезнаа американски војници кај границата со Белорусија
СВЕТ

Исчезнаа американски војници кај границата со Белорусија

Објавено March 26, 2025 19:08
Сподели
Сподели

Четворица американски војници се водат како исчезнати за време на воена вежба на НАТО во Литванија, а постои стравување дека загинале, јавуваат локалните медиуми. Војниците исчезнале со оклопно возило во близина на границата со Белорусија, сојузник на Русија, по што литванските и сојузничките сили започнале обемна потрага.

Според порталот „Делфи“, телата на војниците веќе се пронајдени, но официјална потврда сè уште нема.

Портпаролот на литванската армија, мајорот Гинтаутас Чиунис, изјави дека можното место на инцидентот е лоцирано и дека акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Американската амбасада во Литванија потврди на социјалните мрежи дека војниците исчезнале на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“, во близина на Пабраде, во источна Литванија. Не е објавено точно кога исчезнале.

Војниците, сите припадници на 1. бригада на 3. пешадиска дивизија, учествуваа во редовна тактичка обука во моментот на инцидентот. Во тек се напори за нивно пронаоѓање, соопшти американската армија.

Литванските власти вчера добиле информации за исчезнувањето на војниците и нивното оклопно возило. Во потрагата учествуваат хеликоптери од литванските воздухопловни сили и Државната гранична служба.

Претседателот на литванскиот Одбор за национална безбедност и одбрана, Гиедримас Јеглинскас, истакна дека иако вакви инциденти може да се случат за време на големи воени вежби, од нив се извлекуваат важни лекции за подобрување на безбедносните стандарди.

Литванија е клучна членка на НАТО поради својата географска близина со Русија, а односите со Москва дополнително се заострија по руската инвазија врз Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е
Следна Статија Руте: Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија се загинати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Британскиот крал Чарлс Трети му ги одзеде титулите на принцот Ендру и нареди иселување од палатата

Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања…

October 31, 2025
СВЕТ

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа…

October 11, 2024
СВЕТ

Пад на цената на нафтата под 100 долари по сигналите за деескалација на Блискиот Исток

Цената на нафтата падна под 100 долари за барел, додека европските берзи забележаа силен раст, по изјавите на американскиот претседател…

April 1, 2026
СВЕТ

Нетанјаху прогласи историска победа

Израелскот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“. Тој истакна дека…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?