Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Колку вреди животот во Македонија“: Две години затвор за возачот кој на пешачки ја прегази и усмрти Теодора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Колку вреди животот во Македонија“: Две години затвор за возачот кој на пешачки ја прегази и усмрти Теодора
ХРОНИКА

„Колку вреди животот во Македонија“: Две години затвор за возачот кој на пешачки ја прегази и усмрти Теодора

Објавено April 7, 2025 18:29
Сподели
Сподели

На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, судијата Елведин Ферати го осуди на казна затвор од две години. Менсур Пајазити, роден 1973 година беше огласен за виновен за кривично делото „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за смртта на 22-годишната Теодора.

Виновен е затоа што на 15.08.2022 година во Тетово, како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Управувал возило „БМВ“ и се движел по булевар, со брзина од 59 километри на час, која брзина не е прилагодена на условите на патот за да може навремено да го запре возилото, при што не му отстапил првенство на минување на пешакот сега покојната Теодора Ристовска која поминувала на обележан пешачки премин, наведе судијата Елведин Ферати при читањето на пресудата.

Наташа Ѓорчевска, адвокатката на семејството Ристовски во изјава за медиумите изјави дека олеснителните околности биле повеќе на страна на обвинетиот. Таа посочи дека немало вистинско каење во процесот кај обвинетиот затоа што при давањето завршен збор наместо тоа, тој подолг период правел анализа на секој збор и ги напаѓаше медиумите.

Во процесот што се водеше против Менсур Пајазити, тој призна дека ја одолговлекувал правдата, а и такви одговори добивме и од институциите. Во својот завршен збор обвинетиот ниту еднаш не го слушнавме дека изразува каење, жалење и извинување за тоа што се случило, туку цело време се претставуваше како жртва да е тој во постапката. Тоа беше напишан текст, не видовме дека нешто самиот кажа, од срце да излезе како каење, жалење, како што треба да биде направено. Сметаме дека се ценети олеснителните околности повеќе на страна на обвинетиот, истакна Ѓорчевска.

Со плачење и поради голем револт сестрата Ева Ристовска и таткото Круме, го напуштија судењето и во изјави за медиумите истакнаа дека не се задоволни од одлуката на судот.

Колку вреди животот во Македонија. Колку вреди животот на сестра ми, дали животот некој може да и го врати. Дали нејзината младост може некој да ја врати. Мојата младост дали може некој да ја врати. Мојата душа дали може некој да ја врати. Две години го осудија што уби човек. Колку вреди животот во Македонија дали некој ќе ми објасни, колку вреди животот на сестра ми. Со две години ние треба да бидеме задоволни? Јас треба да отидам и да речам на сестра ми, да и запалам свеќа и да и речам. Со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години, максималната казна нема да ми ја врати Теодора мене. Ќе ми ја олесни маката мене, ќе каже на секој следен што може да го доживее не дај Боже истово, ќе каже дека има правда, ако стигне до максимална казна. Сите веруваат во правда, и јас верувам дека ќе се смени ова и дека ќе биде максималната казна пет години, рече Ева Ристовска.

Згрозен сум, од оваа држава, што да очекувам од оваа држава, плачам за правда, правда нема. Нема никогаш да има правда во оваа држава. Готово оваа држава отиде. Младите бегаат и ние постарите ќе бегаме. Ова не е држава, рече Круме Ристовски.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Право на жалба има Обвинителството, а семејството како оштетена страна, има право само за имотно-правно побарување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еколошка катастрофа од невидени размери – Преспанското езеро се претвора во бара
Следна Статија Намален бројот на основци и средношколци во 2024/2025 споредено со претходната учебна година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведените албански илегалци биле фатени во објект на екс шеф на тајна служба и бизнисмен

Илегалците кои охридската полиција ги фатила пред три дена без соодветни документи се приведени на објект кој се поврзува со…

April 16, 2025
ХРОНИКА

Онесвестен маж со повреди на главата пронајден на улица

Вчера во 18.40 часот, во СВР Битола било пријавено дека во с.Вирово, демирхисарско, бил пронајден во бессознание и со повреди…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Масовна тепачка во Ѓорче, нападната и малолетничка која имала здравствени проблеми

На 16.12.2024 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Загина сопатничка, а двајца се тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Тетово- Гостивар

Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?