Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот
ХРОНИКА

Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот

Објавено January 2, 2025 22:40
Сподели
Сподели

Свесно, контактибилно, без видливи знаци за надворешни повреди е четиригодишното дете кое попладнево беше донесено во Клиничкиот центар во врска со излетувањето на автомобилот во водите на Вардар кај Рашче, вели за Курир директорот на Клиниката за Детска хирургија, Лазо Јовчески.

Детето било примено во Ургентниот центар, по што била повикана екипа од Детска хирургија која го превземала за натамошни испитувања.

-Поставено е на мониторинг, направени се анализи и КТ. Имаше мала хипотермија која брзо се регулираше. Згрижено е на одделот за интензивно лекување и е во стабилна состојба. Ќе биде задржано на опсервација, вели Јовчески.

Според извори на Курир, на Детска хирургија пристигнала и мајката на детето кое претходно, на местото на несреќата, беше пронајдено од случајни минувачи.

Според последните информации, за кои информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, автомобилот е извлечен од водите на Вардар и во него се пронајдени три тела. Повеќе за тоа на следниот ЛИНК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Погледнете како танцуваат Доналд и Меланија Трамп со Илон Маск
Следна Статија Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на магистралниот пат А-2 од Куманово кон Крива Паланка кај клучка Алфи од 16:00 часот е во прекин за…

August 30, 2025
ХРОНИКА

Пијана кавадарчанка со остар предмет го повредила сопругот, по што била приведена

Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот - Денеска во…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Осомничениот Манев ги водел полицајците до закопаното тело на убиениот Панче Жежовски

Полицаец од интервентанта полиција кој го спровел Велибор Манев од полициската станица Кисела Вода до местото каде било закопано телото…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Почина Драги Гроздановски, порашен пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Битола

Почина Драги Гроздановски поранешен пратеник од Битола. Гроздрановски е роден 1957 година во Битола. Завршил Правен факултет, беше пратеник од…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?