Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора
ЕКОНОМИЈА

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Објавено May 7, 2025 10:50
Сподели
Сподели

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот.

„Според информации кои ги добиваме од домашните извозни компании, на косовската страна на границата се задржуваат камиони од РС Македонија, без соодветно образложение, предизвикувајќи економски штети и нарушување на трговската размена. Бидејќи се работи за прехранбени производи, кои мора да бидат во согласност со здравствените и безбедносни стандарди, протокот треба да биде без застој за да не се наруши континуитетот на домашните извозници, што може да предизвика и финансиски импликации“, соопшти Стопанската комора.

За таа цел, велат од таму, денеска ќе се реализра средба на претседателот на Стопанката Комора, Бранко Азески, со претседателот на косовската комора, Лулзим Рафуна, со цел да се најде решение и да се одблокира застојот, како би можеле камионите со македонски производи да бидат пласирани на крајната дестинација, во насока на поддршка на извозот како врвен приоритет за македонската економија.

„Стопанската комора ги презема сите потребни мерки, ги информираше релевантните институции и укажа дека вакви ситуцаии предизвикуваат сериозни економски штети на македонските извозници и транспортните компании, се создаваат неоправдани бариери во трговската размена со партнер со кој имаме добри односи и суфицит во трговската размена, нарушувајќи ги притоа регионалните трговски договори и стандардите за слободно движење на стоки“, велат од Комората.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Највисоките судски инстанци во Црна Гора сместени над тони експлозиви и наркотици
Следна Статија Mилановиќ со порака: Немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување за членство во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра

Прашањето за зголемувањето на минималната плата останува отворено. Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Во РЕК Битола имало епски криминал и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДСМ

Во текот на денешната панел-дискусија на која се дебатираше темата поврзана со РЕК Битола или поконкретно извршените криминали во истата…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

За стабилен систем за 1 Мај, МЕПСО може да исклучува фотоволтаици

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Градењето станови поевтинува – становите поскапуваат

Во последниот квартал минатата година трошоците за изградба на нови објекти во градежништвото за индивидувално домување се зголемиле за 0,7%…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?