Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму

Објавено May 8, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители.

На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во дискотеката „Пулс“, Коцевски рече дека сѐ до завршување на истрагата можно е евентуално проширување, но, вели, тоа зависи од доказите и она што ќе го обезбедат јавните обвинители. Според Коцевски, нема никаква селективност во истрагата досега, а нема да има ни понатаму.

— Во Јавното обвинителство за организиран криминал има постапка за 14 или 15 лица, за кои нема определено мерки притвор. Нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму. Како што веќе имам кажано, сѐ до завршување на истрагата можно е евентуално проширување, меѓутоа тоа зависи од доказите и од она што јавните обвинители ќе го обезбедат. Истрагата е во исклучително важна фаза сега, затоа не можам да споделувам подетални информации во однос на истрагите кои што се водат рече Коцевски.

На новинарско прашање дали е можно пролонгирање на постапката, со оглед на тоа што станува збор за обемна истрага со голем број осомничени лица, Коцевски рече дека, според него, нема да се пролонгира постапката, имајќи ја предвид сегашната динамика на јавните обвинители.

— Во моментов има јавни обвинители кои работат и во Кочани и во Скопје, така што согласно динамиката со која работат, мислам дека нема да има никаков проблем да се заврши постапката во предвидениот рок, рече Коцевски.

Прашан дали се соочува со некакви притисоци во врска со начинот како да се води истрагата, имајќи во предвид фактот што владеачката гарнитура, претходно, имаше намера за отпочнување постапка за негово разрешување, Коцевски рече од почнување на истрагата немам никакви притисоци или евентуално закани.

— Истото го имам кажано неколку пати, се работи за политичка одлука. Во моментов од почнување на истрагата немам никакви притисоци или евентуално закани околу однос на тој дел, изјави Коцевски.

Коцевски, исто така, укажа дека на веб страницата на Обвинителството сите можат да споделуваат информации во врска со настанот, гарантирајќи дека тоа е доверливо и нема да излегува во јавност.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Дел од повредени беа хоспиталзирани во земјава, а некои беа пренесени на лекување во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јадете ги овие три намирници и ќе ослабете до почетокот на летото
Следна Статија Лазаров го одреди составот за Естонија, Томовски се враќа на голот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Миноски: Борбата против корупција и криминал!

Согласно сите релевантни извештаи, корупцијата е еден од најголемите предизвици за нашето општество. Затоа, сите активности на институциите насочени кон…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба

Судскиот совет на РМ го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација

Државната комисија за спречување на корупција отвора предмет за обвинувањата на опозицијата со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. Комисијата…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?