Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
ХРОНИКА

Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија

Објавено April 25, 2025 13:59
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија, соопштија денеска од Кривичен.

По вчерашното постапување на судии на претходна постапка по предлогот на јавниот обвинител, на девет лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, за петмина куќен притвор, додека за други девет мерки на претпазливост.

Во текот на вчерашниот ден, судии на претходна постапка постапија по предлогот на јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост, по што на девет лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, за петмина куќен притвор, додека за други девет мерки на претпазливост.

– Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот, а едно лице сѐ уште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење, стои во соопштението на Кривичен.

Против овие решенија обвинетите имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Министерството за внатрешни работи во координација со надлежен јавен обвинител вчера изврши претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар, при што од слобода беа лишени вкупно 23 лица, додека едно лице не било достапно за органите на прогон.

При извршените претреси, од МВР соопштија дека пронајдени и одземени се 110.000 евра, 65.000 денари и 100 долари, повеќе мобилни телефонски апарати, нотеси со податоци на должници, како и разна медицинска документација и повеќе факсимил печати.

Во соопштението од МВР се наведува дека за овие лица се обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати
Следна Статија Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, рече Ангелов од Јасен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, утрово од Јасен после целовечерната борба со шумскиот пожар, рече дека…

August 13, 2025
ХРОНИКА

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот…

March 28, 2025
ХРОНИКА

Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја

Кавадаречката полиција поднела кривична пријава против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја, како и…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?