Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кристал Палас ја освои Конференциската лига
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Кристал Палас ја освои Конференциската лига
СПОРТ

Кристал Палас ја освои Конференциската лига

Објавено May 28, 2026 09:08
Сподели
Сподели

 

Лондонски Кристал Палас го освои првиот европски трофеј во својата 119-годишна историја, откако вечерва во финалето на Лигата на конференции во Лајпциг го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 (0-0).

Ова беше петто издание на Конференциската лига во кое Кристал Палас стана петтиот клуб кој триумфирал, по Рома, Вест Хем, Олимпијакос и Челзи.

Победата на англискиот клуб му ја донесе францускиот репрезентативец Жан – Филип Матета во 51. минута.

Историското прво финале за двата клуба почна претпазливо на Арената „Ред Бул“ во Лајпциг без ниту еден директен удар кон голот на двете страни по првите 45. минути.

Најдобрата шанса во првото полувреме дојде од лондонскиот тим во судиското продолжение кога ударот на Мичел со глава од непосредна близина заврши сантиметри покрај десната статива.

Второто полувреме донесе многу подобар фудбал, а англискиот тим поведе по само шест минути кога голманот на Рајо го одбрани ударот на Вартон, но одбиената топка од непосредна близина Матета ја пласираше во празната мрежа.

Само пет минути подоцна можеше да биде 2-0, но одлично изведениот слободен удар од Пино прво ја погоди десната, а потоа и левата статива од голот на шпанскиот клуб.

Набрзо потоа, Матета пропушти уште една голема шанса да го зголеми водството во 57 минута.

На спротивната страна, клубот од Мадрид се закани во 59. минута, кога Хендерсон го одбрани ударот на Алемао.

Во продолжението, тренерот на Рајо, Иниго Перез, се обиде да го засили својот тим, воведувајќи пет нови играчи, но без поголемо подобрување во играта.

За Кристал Палас, ова е првиот европски трофеј во историјата на клубот, а трета титула во последните 12 месеци. Во мај 2025 година, клубот од јужен Лондон го освои ФА Купот, а во август лани триумфираше во ФА Комјунити Шилд.

Кристал Палас е вториот англиски клуб што освои европски трофеј оваа сезона, по триумфот на Астон Вила во Лигата на Европа претходно овој месец.

Сезоната во европските клупски натпреварувања ќе биде заокружена на 30. мај кога во финалето во Лигата на шампиони во Будимпешта, фудбалерите на ПСЖ ќе ја бранат титулата против Арсенал

 

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РК Вардар ја прослави титулата
Следна Статија Ноле полека но турка кон завршницата на Ролан Гарос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ѓурa и Бомбај Штампа со албум кој потсетува на осумдесеттите години

Популарниот актер Бранко Ѓуриќ-Ѓуро повторно е музички активен. Со неговиот бенд Бомбај Штампа имаат нов албум. Прв сингл е „Било је право добро“, кој…

February 15, 2026
СПОРТ

Јокиќ сам го победи Портланд

Денвер го победи Портланд рано утрово во натпревар од регуларната сезона на НБА, со 137:132 во продолжение. Натпреварот се одигра…

April 7, 2026
СПОРТ

Македонските ракометари отпатуваа за Швајцарија

Машката македонска ракометна репрезентација во раните утрински часови отпатува за Швајцарија, каде од утре до сабота ќе учествува на „52.то…

January 7, 2026
СПОРТ

Eлмас се сели во Холандија?

Германскиот весник „Билд“ пишува дека Елиф Елмас би можел наредната сезона да настапува во холандското првенство и тоа во Ајакс.Иако…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?