Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност
ПОЛИТИКА

Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

Објавено September 23, 2025 12:38
Сподели
Сподели

СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс во испораката на учебници за учениците во новата учебна година.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека илјадници ученици низ државата се принудени да учат без учебници, а оние кои ги имаат, добиле стари, оштетени и неупотребливи материјали. Според СДСМ, родителите не треба да бидат принудени да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат на своја рака.

„Наместо да преземе одговорност, Весна Јаневска прво ветуваше дека проблемот ќе го решава со донации, а потоа се повлече и изјави дека учебниците се достапни во PDF формат на интернет. Тоа не е решение, туку бегање од одговорност“, изјави Кузеска.

СДСМ бара Министерството за образование итно да обезбеди учебници за сите ученици и да преземе одговорност за, како што велат, оваа срамна ситуација која го загрозува квалитетот на образованието во земјата.

Дополнително, СДСМ ја обвинува власта за расипничко трошење на јавните пари, додека граѓаните се борат со економска криза и енормно зголемени трошоци за живот.

„Додека учениците немаат учебници, Службата за општи и заеднички работи на Владата троши 180.000 евра за апетисани – бадеми, лешници, ф’стаци и индиски ореви. После луксузот со манго, папаја и бејби биф, ова е уште еден доказ за расипништвото на владата на ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Кузеска.

СДСМ порачува дека ова не е само политичко прашање, туку директно влијае на иднината на децата и целиот образовен систем. Партијата бара итна реакција и преземање одговорност од страна на министерската Јаневска и владата на Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми
Следна Статија Филтри на оџаците како мерка против загадувањето – Мицкоски очекува невладини да се борат за воздух по седум години молк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Почна средбата Мицкоски – Филипче во Влада

Средбата помеѓу лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, започна во 14 часот. Христијан Мицкоски и Венко Филипче ќе…

April 3, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачев: Во Македонија има над 180.000 граѓани со бугарски пасоши и уште 20 илјади се во процес на обработка

Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, инсистирал на итно усвојување на промените во Законот за бугарско државјанство за…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: По моето назначување за портпарол на Владата, поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник

Новата портпаролка на Владата, Марија Митева по реакциите во јавноста за нејзиното извршување на две функции истовремено како портпарол и…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Македонски Брод, во рамки на изборната кампања за…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?