Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лесната пешадиска баталјонска група оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Лесната пешадиска баталјонска група оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“
МАКЕДОНИЈА

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“

Објавено April 24, 2026 18:58
Сподели
Сподели

Денеска во кампот за обука „Пепелиште“ по реализираните активности на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО.

Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата

На денешното официјално соопштување на оценката од страна на оценувачкиот тим и НАТО мониторите, на командантот на ЛПБГ му беше соопштено дека единицата ги исполнува сите предвидени стандарди и е оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“.

Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата

„Сениор НАТО мониторот, полковник Христос Стаматиу од НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR) оцени дека: „Eвалуацијата на Лесната пешадиска баталјонска група беше спроведена на многу професионален и компетентен начин. Сите членови од оценувачкиот тим беа целосно запознаени со методите и процедурите за евалуација, во согласност со соодветната документација на НАТО. Оценувачите, под постојано и високо ефикасно водство од директорот на оценувачкиот тим, ја искористија секоја можност да ги следат подготовките и дејствијата на единицата на терен и да ги евидентираат своите забелешки со прецизност и објективност“, наведено е во соопштението.

Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата

Во рамки на настанот, директорот на оценувачкиот тим, потполковник Горан Кимов истакна дека е чест и гордост што ЛПБГ го заврши оценувањето со највисоки резултати. „Припадниците на единицата покажаа одлични резултати и ги потврдија сите критериуми и стандарди на оценување“, наведе потполковникот Кимов.

Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата

На соопштувањето на оценката присуствуваше и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, кој се заблагодари на сите учесници на вежбата, како и на НАТО мониторите за покажаниот професионализам при извршување на задачите во рамките на вежбата.

Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата

Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО.

Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата
Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата
Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исти аршини за сите за влез во ЕУ, како за земјите од Западен Балкан, така и за Украина, вели Бабиш
Следна Статија Морничав настан во БиХ: Малолетник ја силувал сестра си, a мајката се обидела да ја убие својата бремена ќерка фрлајќи ја од балкон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И Венко Филипче се обидувал да го спаси животот на Чифлиганец во Чешка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче бил дел од тимот на доктори кои се обидувале да го спасат животот на Душко…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски единствен од лидерите од регионот на инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде единствен лидер од Балканот кој ќе пристуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп…

January 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоѓија Сајкоски, по повод денешниот празник беше во посета на Прилеп. -Денес положивме свежо…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?