Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маестрален Јокиќ, Денвер се избори за мајсторка (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Маестрален Јокиќ, Денвер се избори за мајсторка (ВИДЕО)
СПОРТ

Маестрален Јокиќ, Денвер се избори за мајсторка (ВИДЕО)

Објавено May 16, 2025 08:30
Сподели
Сподели

Денвер со 119-107 ја победи Оклахома во шестиот натпревар од полуфиналната серија на западот и се избори за мајсторка која ќе одлучува за патникот во конференциското финале.

Шестиот натпревар беше луд и полн со пресврти. Денвер имаше двоцифрена предност во првата четвртина, Оклахома во втората, а потоа пред самиот крај на третата четвртина Денвер повторно се одвои на плус десет и таа предност не ја испушти до крајот на натпреварот.

Никола Јокиќ блескаше со 29 поени, 14 скокови и осум асистенции и беше испратен од теренот со извици од навивачите „МВП!“.

Српскиот кошаркар имаше одлична поддршка на теренот од Џамал Мари (25 поени, осум скокови и седум асистенции) и Кристијан Браун (23 поени, 11 скокови и пет асистенции).

Од другата страна, Шеј Гилџес-Александер постигна 32 поени и шест асистенции.

Одлучувачкиот седми натпревар ќе се игра во Оклахома во недела од 21:30 часот, а победникот ќе игра во финалето на Западната конференција против Минесота.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана
Следна Статија Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Муслиу: Можеме квалитетно да играме со големите репрезентации

Македонската фудбалска А-репрезентација денеска патува за Гент каде што на 10. октомври ќе одигра натпревар со Белгија од квалификациите за…

October 8, 2025
СПОРТ

Легендарниот Тимур Дибиров ја завршува богата кариера

Легендарниот руски ракометар, Тимур Дибиров става крај на успешната приказна и ја завршува кариерата на крајот на оваа натпреварувачка кампања.…

December 29, 2024
СПОРТ

Нори го елиминира Алкараз од Мастерсот во Париз

Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го заврши својот настап на Мастерсот во Париз во второто коло. Алкараз беше слободен…

October 29, 2025
СПОРТ

Македонија вечерва против Унгарија го стартува настапот на СП

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?