Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија во последните секунди испушти победа против Велс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија во последните секунди испушти победа против Велс
СПОРТ

Македонија во последните секунди испушти победа против Велс

Објавено March 25, 2025 22:53
Сподели
Сподели

Малку фалеше Македонија да дојде и до седмата победа по ред, Велс со гол на Брукс во 96. минута спречи да се израдуваме на три бода. Претходно нашата репрезентација поведе со гол на Миовски во 91. минута.

На Националната арена „Тодор Проески“ дојдоа голем број навивачи кои дадоа поддршка на Македонија но со купениот билет донираа и за настраданите во големата несреќа во Кочани. Целиот приход од билетите од овој натпревар ќе биде донација за настраданите.

Натпреварот започна со минута молк за жртвите од Кочани.

Во првото полувреме Македонија играше дефанзивно, Велс беше селекцијата која имаше посед на топката и со шутеви од далечина се обидуваа да го загрозат Димитриевски, но тој беше на висина на задачата.

Првиот дел мина во тактичка игра која не убава за око, поголеми возбудувања имаше во вториот дел.

Во 59. минута публиката стана и со минута аплауз даде сочувство за 59. жртви во пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Македонија почна поотворено да игра по 60. минута, иако продолживме да бидеме претпазливи и не се залетуавме кон противничкиот гол.

Првата шанса ја имавме во 65. минута кога нововлезениот Чурлинов биеше силно, но голманот Дарлоу го одбрани неговиот удар.

Шест минути подоцна Велс имаше голема шанса да дојде во водство, Муслиу ја исфрли топката од гол линијата.

Во судиското продолжение фудбалерите на Велс направија катастрофална грешка, вратија една топка која дојде до Миовски, а тој ја смести во мрежата на противникот за огромна радост и водство на Македонија од 1-0.

Сите помисливме дека победата е наша, но така не мислеше и Велс. Тие со гол на Брукс во 96. минута го израмнија резултатот. Димоски интервенираше лошо, ја промаши топката која по долго време влезе во мрежата на Димитриевски.

Може да жалиме што не дојдовме до трите бода, овој резултат може да биде многу важен во битката за втората позиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јас и ти ко едно тело: Ана Костадиновска неутешна по смртта на нејзините колеги
Следна Статија Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Хакими се соочува со 15 години затвор?

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, се соочува со сериозни обвиненија за силување, што би можело да го доведе…

August 2, 2025
СПОРТ

Лукаку пак прави проблеми

Клупска суспензија му се заканува на Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач не се појави на тренингот на Наполи и покрај…

March 31, 2026
СПОРТ

Историски резултат на Кими Антонели во Мајами

Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на…

May 3, 2025
СПОРТ

Има ли сили Силекс да стане шампион на Македонија

Екипата на Силекс најмногу профитира по 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Кратово попладнево забележа победа на…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?