Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската економија тоне, обвини ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонската економија тоне, обвини ДУИ
ЕКОНОМИЈА

Македонската економија тоне, обвини ДУИ

Објавено October 6, 2024 19:41
Сподели
Сподели

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа прес-конференција на која ги соопшти бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој, зголемувањето на стандардот на граѓаните и финансиската стабилност.

Според ДУИ, Владата наместо да ја забрза реализацијата на капиталните инвестиции, тие го направија спротивното, скратија капитални проекти кои влијаат на економскиот развој на државата, како што беше случајот со кратењето на средствата за изградба на коридорот 8, училиштата, студентски домови, спортски објекти итн.

„На тој начин тие негативно влијаат на индустриското производство на земјава, на реализацијата на инвестициите, но и на намалувањето на капацитетите на компаниите за извоз. И сето тоа ќе влијае на нереализирање на растот на Бруто домашниот производ.

Освен лошо смислениот и неразвојниот ребаланс, не е преземен ниту еден чекор за зголемување на животниот стандард на граѓаните како што се:

  • Зголемување на минималната плата на минимум 450 евра или 57% од просечната плата во приватниот и јавниот сектор, со цел да се олесни семејниот буџет на граѓаните кои се соочуваат со потешкотии при исполнувањето на месечните обврски, поради фактот што цените континуирано се зголемуваат.
  • Целосна имплементација на Законот за забрана на нефер трговски практики каде што над 2500 производи не можат да имаат маржа поголема од 10% од трговците на големо и мало.
  • Ветеното покачување на пензиите, кое требаше да биде 2500 денари, а во просек се зголемија за не повеќе од 510 денари, не ги покрива ниту минималните трошоци на пензионерите во државата.
  • Зголемување на помошта за социјалните категории и корисници на програмата за енергетска сиромаштија
  • Почеток на реформи во делот на намалување на придонесите што ги плаќаат работодавачите и вработените, што ќе влијае на зголемување на платите во приватниот сектор.

И многу други мерки кои беа ветени, но за кои нема ни иницијатив од соодветните ресори, напротив, институциите се во тотален хаос, безидејно и без ефикасност.

Ќе го издвоиме ветувањето, кое е толку смешно колку и навредувачко, за доделување по 10.000 евра на секој граѓанин, ветување од коалициската ВРЕДИ!!!

За жал, се случи спротивното, наместо Владата да го држи под контрола јавниот долг, таа го зголеми истиот за повеќе од 180 милиони евра, и тоа со сомнителни, нетранспарентни заеми и задолжувања, со високи каматни стапки од 3,25% за кои земјата треба да плати различни концесии. И токму за тоа, соодветните институции треба да преземат соодветни мерки бидејќи имаат информации дека кредибилни меѓународни институции имале понуди за поповолни заеми со камата под 3,25%.

Во овие 100 дена немаме ниту една странска или локална инвестиција, напротив имаме целосна блокада од страна на Генералниот секретаријат во остварувањето на обврските кои произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде од сомнителни причини десетици локални компании не добија поддршка за зголемување на нивните производствени капацитети, зголемување на извозот, но и зголемување на платите на илјадници вработени во приватниот сектор“ велат од ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таксист среде Скопје насилно им зел пари на брачен пар од Австралија
Следна Статија Жена предизвикала пожар додека готвела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ја менува економската филозофија со имплементација на капитални инвестиции

Економскиот раст наредната година ќе биде 3,7 % на што го базираме ова, третиот квартал оваа година имаме раст на…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република  Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

November 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Разрешени четворица членови на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието попладнево на продолжение на 22. седница ги разреши од должноста членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?