Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската фудбалска репрезентација подготвена за победа над Велс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонската фудбалска репрезентација подготвена за победа над Велс
СПОРТ

Македонската фудбалска репрезентација подготвена за победа над Велс

Објавено March 25, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација спремна е за втората победа во квалификациите за СП. Нашите фудбалери се умерени оптимисти, но имаат дополнителен мотив, да ја израдуваат нацијата по трагедијата во Кочани. Мечот почнува во 20 и 45 а парите од влезните ќе бидат донирани на семејствата од пожарот.

Селекторот Благоја Милевски по дуелот во Лихтенштајн рече дека со оглед на ситуацијата во нашата земја, воопшто не го интересира како и на кој начин дојдовме до победата во Вадуц, туку најбитни се трите бода. Сега, против Велс ситуацијата е сосема поинаква. Противникот е силен, Велс доаѓа во Скопје по победа.

„Секако дека е Велс и тоа како анализиран. На повеќе мечеви. Мислам дека сме подготвени, треба да бидеме совршени на тактички план, во дисциплина, во тркачкиот дел, и максимален фокус, ако сакаме да дојдеме до поволен резултат. И пред мечот во Вадуц, а и сега мора да кажам дека емоциите не може да се скријат, тука се. Тешка е ситуацијата за сите, и за мене и за фудбалерите. Од тој аспект реков не очекува најтешкиот меч. Околностите се тие. Не можеме да ги смениме. Не сме фаворити, апсолутно не. Ранкингот нивен кажува многу. Тоа се играчи кои играат во Премиер лига, Француска Лига 1. Но во фудбалот не секогаш победуваат фаворитите. Реков и претходно дека утре мора да бидеме совршени, и на максимален фокус. Концентрација во сите делови од теренот, ако сакаме да бидеме на потребното ниво. Велс е многу веројатно најсериозниот противник одкако јас сум селектор. Тактички, тркачки совршена. Технички имаат голем напредок во последните години. Како ќе одговориме ќе видиме“ – рече селекторот Милевски на пресот пред вечерашниот дуел во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување
Следна Статија Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани

Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските фудбалски великани Вардар…

March 18, 2025
СПОРТ

Во 18 часот сите навиваме за Македонија

 Македонската ракометна репрезентација денеска и гостува на Естонија во претпоследниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2026 година. Селекторот…

May 8, 2025
СПОРТ

Пелистер славеше на теренот на шампионот МЗТ

Кошаркарите на Пелистер во одлична игра стигнаа до победата во дуелот со првакот МЗТ Скопје Аеродром со 85:74. Ова беше…

April 28, 2026
СПОРТ

Манчестер Јунајтед и Тотенхем во битката за трофејот во Лига Европа

Манчестер Јунајтед по пауза од осум години одново ќе игра трофејот во Лига Европa. „Црвените ѓаволи“ повторно го совладаа Атлетик…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?