Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ освои две престижни награди ИДА во Лос Анџелес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ освои две престижни награди ИДА во Лос Анџелес
ЗАБАВА

Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ освои две престижни награди ИДА во Лос Анџелес

Објавено December 7, 2025 15:03
Сподели
Сподели

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска постигна исклучителен успех на 41. издание на Меѓународните документарни награди (ИДА) во Лос Анџелес, освојувајќи две значајни признанија — за најдобар документарен филм и најдобра камера.

„Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот“, изјави Котевска по триумфот.

Наградата за најдобра камера ја доби кинематограферот Жан Дакар, чија визуелна работа силно придонесува за уметничкиот израз на филмот.

Меѓународните документарни награди се меѓу највлијателните признанија во документарната индустрија и важат за силен индикатор за успех во оскаровската трка. Голем број добитници на овие награди традиционално се наоѓаат и на оскаровската листа на номинирани, а често и меѓу победниците. Овој успех ги зацврстува шансите на „Силјан“ во двете категории во кои се натпреварува оваа сезона.

Потесниот избор за Оскарите ќе биде објавен на 16 декември, а финалните номинации ќе се соопштат на 22 јануари 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со измислување клевети, велат од ВМРО ДПМНЕ
Следна Статија Тажни прогнози – германската економија е сè уште во криза, закрепнувањето не е на повидок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Мега-скандал во Украина: Си купил 143 станови по цена на мобилен телефон

Во чувствително време кога Украинците протестираат поради разрешувањето на популарниот министер за одбрана, откриен е нов голем корупциски скандал. Братот…

July 20, 2026
ЗАБАВА

„Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски

Со гордост го претставуваме третото музичко дело од продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ – безвременската народна патриотска…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Португалски град им забранува на туристите да се шетаат во костими за капење, казни до 1500 евра

На туристите во популарниот португалски град Албуфеира наскоро би можело да им биде забрането да се шетаат во костим за…

February 15, 2025
ЗАБАВА

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски, синоќа е премиерно прикажан во Москва, во рамки…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?