Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонско-швајцарски бизнис форум: Постојат можности за продлабочување на економските врски во производството, иновациите, услугите и технологијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонско-швајцарски бизнис форум: Постојат можности за продлабочување на економските врски во производството, иновациите, услугите и технологијата
ЕКОНОМИЈА

Македонско-швајцарски бизнис форум: Постојат можности за продлабочување на економските врски во производството, иновациите, услугите и технологијата

Објавено November 11, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Постојат јасни можности за продлабочување на економските врски меѓу двете држави, во производството, иновациите, услугите и технологијата, истакна денеска Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Македонија, во изјава за медиуми, пред почетокот на деловниот форум на тема „Поврзување на Швајцарија и Македонија, што се одржува во Стопанската комора.

Амбасадорот рече дека Швајцарија и Македонија имаат одлични односи изградени врз доверба, партнерство и заеднички вредности.

– Нашата соработка се протега низ многу области – од добро владеење, развој, до образование, иновации и силни меѓучовечки врски. Овие цврсти темели претставуваат одлична основа за понатамошно зајакнување и проширување на нашето партнерство. Во тој дух, односот на Швајцарија со Северна Македонија е нешто што високо го цениме – и нешто што носи уште поголем потенцијал. Нашата билатерална трговија и инвестиции постојано растат, но сè уште се под нивото што двете страни можат да го постигнат, истакна Зомер.

Посочи дека постојат јасни можности за продлабочување на економските врски меѓу двете држави, во производството, иновациите, услугите и технологијата.

– Зајакнувањето на овие сектори нема само да го подобри нашето економско партнерство, туку и ќе придонесе за одржлив раст и отворање работни места во двете земји. Сегашната глобална ситуација го прави ова вистинскиот момент за делување. Како што се менуваат синџирите на снабдување и компаниите бараат стабилни и доверливи партнери, нашите две земји нудат токму такви можности. Швајцарија е подготвена да ја поддржи оваа поблиска соработка – помагајќи да се претвори потенцијалот во конкретни партнерства, а на крајот и во просперитет за граѓаните на двете земји, нагласи амбасадорот.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, во изјавата за медиуми, рече дека форумот се организира за продлабочување на понатамошната бизнис соработка помеѓу Швајцарската конфедерација и Република Северна Македонија и присутни се претставници на компании од двете земји, кои ќе имаат можност да разговараат околу соработката.

– Имаме од кого да учиме, имаме одлична соработка токму на тој план, едукацијата на нашите компании за вклучување во новите технолошки текови. Ќе настојуваме сега да ја вклучиме и македонската заедница што е присутна таму и преку нивни форми на организирање, да го подигнеме степенот на размена, што е на ниво од двеста милиони долари во моментов. Ќе се трудиме да го подигнеме нивото на извоз во таа земја, подвлече Азески. 

Како што беше кажано, настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии.

Во рамките на форумот ќе се дискутирало за пазарните изгледи и можности за влез на швајцарскиот пазар, правните аспекти и трговските спогодби меѓу двете држави, како и за потенцијалот за нови инвестиции, технолошка соработка и извозни иницијативи.

Настанот е заеднички организиран од Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (СЕЦ), со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тетовец силувал малолетно девојче
Следна Статија Уапсени 56 осомничени педофили во Масачусетс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп ѝ дава победа на Илон Маск против долгогодишен непријател

Претседателот Доналд Трамп нареди преглед на два големи советодавни претставници на полномошници - компании кои им советуваат на акционерите за…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4%, изјави министерката за…

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Расте македонскиот извоз,одлична вест за македонската економија

Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец Мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра, во…

July 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Евентуалниот раст на минималната плата да се договори преку дијалог

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?