Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците сакаат во ЕУ, но без Бугари во Уставот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонците сакаат во ЕУ, но без Бугари во Уставот
МАКЕДОНИЈА

Македонците сакаат во ЕУ, но без Бугари во Уставот

Објавено January 28, 2026 16:14
Сподели
Сподели

Вкупно 71 отсто од населението поддржуваат членство во ЕУ, што е за речиси десет проценти повеќе во споредба со претходната година, покажуваат резултатите од истражувањето „Анализа на јавното мислење за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (2014 – 2025)“ на Институтот за демократија – „Социетас цивилис“ – Скопје, презентирано денеска во Собранието.

Клучните наоди од истражувањето покажуваат дека евроскептичните ставови се во благ пораст – од 11 на 14 проценти од населениетo пројавуваат евроскептицизам, додека бројот на неопределени и апатични испитаници значително се намалил изминатата година. Долготрајната разлика во поддршката за членство во ЕУ меѓу двете најголеми етнички групи – етничките Македонци и етничките Албанци – е намалена. Вкупно 71 отсто од етничките Македонци ја поддржуваат кандидатурата на државата за членство во ЕУ, што претставува зголемување од 15 отсто во споредба со претходната година. Кај етничките Албанци, пак, континуирано се изразува силна поддршка за аспирациите на земјата за членство во ЕУ. Оваа поддршка се задржува и во 2025 година, при што 76 отсто од испитаниците од оваа група се изјасниле позитивно. Сепак, овој процент е понизок за 8 отсто во споредба со претходната година.

Според истражувањето, 40 отсто од населението смета дека државата е подготвена да стане земја членка, а малку над 60 отсто од населението верува дека во изминатата година е остварен напредок во процесот на пристапување. Истражувањето покажува дека 46 отсто од населението смета дека опструкциите од соседните држави се најголемата пречка за напредокот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.

Бројот на испитаници што веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ во наредните 3-5 години се зголемил и во 2025 година изнесува 30 проценти, а релативно висок дел од населението (19 отсто) останува песимистичен во однос на перспективите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Вкупно 60 отсто од испитаниците сметаат дека членството во ЕУ не би го запрело трендот на иселување на младите од земјата.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК
Следна Статија Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД

Никој не треба да биде загрижен дали „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД ќе го добие својот…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти

- Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција ја обвини власта дека не презема ништо против поскапувањето на цените…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции

Министерството за одбрана и Армијата од 2013 година покажуваат исклучителен напредок во интегрирањето на родовата компонента. Бројот на припаднички во…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен оглас за 300 професионални војници: Мисајловски со повик до сите млади кои што ја сакаaт Македонија да се пријават на конкурсот

Денеска е овјавен оглас за нови 300 професионални војници во Армијата, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски при неговата посета…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?