Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маркетите ќе имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на производите?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Маркетите ќе имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на производите?
Blog

Маркетите ќе имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на производите?

Објавено February 11, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите. Тој информира дека една од мерките која тој лично ќе ја предложи е ланците на супер маркети на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите.

Навистина не би сакал да шпекулирам, но еве една којашто би сакам да ја кажам и да ја предложам на Влада е да сите ланци на супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна на којашто ќе ги објават сите цени, на сите производи коишто ги имаат во своите маркети,за да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и тие самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме ние тие трендови и да правиме некаков хистограм на движење на тие цени – изјави Мицкоски.

Прашан зошто реагира за методологијата за минималната потрошувачка кошничка, премиерот Мицкоски одговори дека потрошувачката кошничка за првпат е воведена во 2010 година, кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

Така што јас не би го поделил периодот кога сме биле ние на власт или опозиција и не би сакал на тоа ниво да го сведеме разговорот, а што се однесува за промената на новата методологија од декември 2023 година ние не сме ја имале на увид, откако ја добивме на увид разговаравме најпрвин со синдикатите. Ние не излеговме во јавност од сето тоа да правиме естрада со сето тоа. Разговаравме со синдикатите и кога ќе забележите внатре кои производи се вклучени, тогаш навистина се збунувате. Збунувачки делува, бидејќи дел од производите граѓаните не ги користат или не ги користат во тој обем – рече Мицкоски.

Тој посочи дека не знаае колкава ќе биде реалната потрошувачка кошница.

Можеби ќе биде поголема, односно цените ќе бидат повисоки, нема да бидат пониски. Но, навистина да создадеме таква потрошувачка кошничка, минимална зборам, којашто навистина ја користат граѓаните, бидејќи оваа мислам дека не е минимална потрошувачка кошничка – додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца
Следна Статија Државата за македонскиот спорт додели 440 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Кока-Кола се повеќе се потпира на производство на млеко за да не зависи само од газирани пијалоци

Кога Џејмс Квинси стана извршен директор на Кока-Кола во 2017 година, побарувачката за газирани пијалоци се намалуваше поради нивните здравствени…

February 17, 2025
Blog

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok се споменува и милијардерот Илон Маск. Американскиот милијардер Илон Маск за германскиот неделен…

February 9, 2025
Blog

ТВ индустријата конечно прифаќа дека иднината можеби не е во 8К резолуција

Со речиси никакви содржини и ограничени придобивки, 8К телевизорите се обречени на пропаст.

February 1, 2026
Blog

Интел го лансира Core Ultra Series 3 со најновиот 18A процес

Нови чипови наменети за високо-квалитетни преносни компјутери, лансирани овој месец

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?