Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови
Blog

Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови

Објавено April 10, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Британската престолнина веќе не е меѓу петте најбогати градови во светот, откако лани изгуби поголем процент милионери од кој било друг град во светот, заедно со Москва, објави денеска „Тајмс“.

Годишниот извештај за богатството на глобално ниво, вели дека Лондон изгубил 11.300 милионери само минатата година, од кои 18-мина со најмалку 100 милиони долари на своите сметки, како и двајца милијардери. Истражувањето спроведено од „Њу ворлд велт“ (New World Wealth) за консултантската фирма „Хенли енд партнерс“ (Henley & Partners), го дефинира богатството како: средства што може да се инвестираат во ликвидност, што значи готовина, обврзници и акции, но го исклучува имотното богатство.

Проценката беше спроведена пред неодамнешниот пад на берзата што уследи по објавувањето на царините од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според последните податоци, Лондон е еден од двата града меѓу првите 50 најбогати во светот, коишто сега имаат помалку богати луѓе отколку пред 10 години. Другиот е Москва.  Лондон изгуби вкупно 12 отсто од своите најбогати жители од 2014 година до лани, при што падот им се припишува на зголемувањето на даноците, Брегзит и падот на вредноста на фунтата. Москва изгуби 25 отсто од своите најбогати жители, што се проценува дека најмногу се должи на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Меѓутоа, во апсолутни бројки, Лондон го напуштиле 30.000 богаташи за 10 години, а од Москва си отишле 10.000 милионери.

Париз, од друга страна, бележи зголемување на бројот на милионери во истиот период, со зголемување од пет отсто последниве 10 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем пожар спроти Клинички центар (ВИДЕО)
Следна Статија Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Како да побарате поврат на пари од settlement-от на Amazon Prime во вредност од 2,5 милијарди долари

Одредени претplatници на Amazon Prime можат да квалификуваат за исплата како дел од settlement-от на компанијата. Во 2023 година, Федералната…

November 23, 2025
Blog

KDE Plasma приближува до целосно префрлање на Wayland до крајот на 2025 година

Развојниот тим на KDE најавува значителен напредок во транзицијата кон Wayland графичкиот систем

December 30, 2025
Blog

Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Австралија, средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет

Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,…

February 11, 2025
Blog

Еве колкава пензија можете да добиете по пет години работа во Германија

Во Германија работниците можат да го остварат правото на пензија по само пет години придонеси. Иако ова може да изгледа…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?