Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче кои се ментори на неговата кариера
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче кои се ментори на неговата кариера
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче кои се ментори на неговата кариера

Објавено May 15, 2026 12:00
Сподели
Сподели

Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да се прекине истрагата за овој предмет, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

Заклучокот е јасен. Иако јавноста е изненадена на непријатен начин, сепак главниот обвинител во ЈО ГОKK, Ислам Абази, веројатно има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата кариера.

Се разбира, оваа конесија е заради блиските до СДС и ДУИ: Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски коишто заедно со други девет лица биле предмет на оваа голема набавка на мазут вредна 167 милиони евра.

И покрај тоа што стручни истражители од Министерството за внатрешни работи, обезбедиле релевантни докази за оваа коруптивна и скапа набавка, сепак Ислам Абази и неговата соработничка Коларевиќ од ОЈО ГООК, одлучуваат оваа истрага да биде прекината.

Затоа го повикуваме претседателот на Советот на јавни обвинители, да изврши надзор над работата на обвинителите во ЈО ГООК, заради оваа контраверзна одлука за прекинување на истрагата во случајот „Мазут“ и набавките во ТЕЦ Неготино.

Советот на јавните обвители по закон, има обврска да ја следи работата на обвинителите и согласно овие законски надлежности обвинителот Ислам Абази и неговата колешка Коларевиќ, треба да бидат темелно сослушани и да биде со нив заедно истражена постапката и начинот на којшто тие одлучуваат да го прекинат овој случај наречен „Мазут“ и обвинетите уште пред да појдат на суд да ги амнестираат од било каква одговорност или од било какво обвинение.

Јавноста има право да го дознае секој детал за оваа набавка од 167 милиони евра, затоа што во овој случај испадна дека одредени истражувачки новинари беа поефикасни во истрагата од обвинителите Ислам Абази и Коларевиќ.

Владеењето на правото нема да се зајакне со вакви контраверзни одлуки и прекинување на истрагите, владеењето на правото се зајакнува доколку високата корупција и сомнежите за злоупотреба на вакви јавни набавки имаат можност да бидат докажувани со аргументи на Обвинителството и на обвинетите и на адвокатите пред надлежен суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Eве со кого си имаме работа: Каракачанов вели дека не постојат „северномакедонци“ туку македонски Бугари
Следна Статија Фановите ќе можат да купат ретро дрес од Југославија, Адидас ќе го произведе повторно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков во центарот на Битола ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, синоќа во центарот на Битола, неколку куќи подолу од седиштето на Сојузот на борци во Битола,…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се избира новиот Јавен обвинител

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?