Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните

Објавено March 28, 2025 12:14
Сподели
Сподели

Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти и ќе се прилагодува на новите предизвици со една цел, подобар, побезбеден и поквалитетен живот за сите граѓани, порача министерот за одбрана Владо Мисјаловски, на свеченоста што се одржува денеска во касарната „Илинден“ во Скопје по повод 5. годишнината од пристапувањето на Република Македонија во НАТО Алијансата.

Мисајловски, осврнувајќи се на неодамнешната трагедија со пожарот во Кочани, посочи дека живееме многу тежок период од нашата независност и оти денеска нема само да го одбележиме овој јубилеј туку и го одбележуваме заедништвото и меѓусебната поддршка.

Нема зборови за утеха за сите оние кои го изгубија најмилото и длабоко сочувствувам со нив и нивната болка. Сите се соочуваме и се бориме со измешани чувства и емоции, и навистина е тешко да ги најдеме вистинските зборови за значењето на еден ваков ден кога одбележуваме јубилеј – 5 години од членството на Македонија во НАТО. Денеска нема само да го одбележиме овој јубилеј, туку го одбележуваме нашето заедништво и меѓусебната поддршка. Зборовите на утеха, а уште повеќе, подготвеноста да се помогне е она кое од нас 32 земји во НАТО прави една здружена, обединета сила која е подготвена да излезе пресрет на секоја земја членка. Во раните утрински часови таа кобна недела и во периодот кој следуваше зборував со многумина од амбасадорите на земјите – членки и со повеќе од моите колеги министри за одбрана. Она што го слушнав од нив беше – „сочувствуваме со вас“ и „како можеме да помогнеме“, рече Мисајловски.

Тој потенцираше дека НАТО не е само воено-политички сојуз и организација која ги штити надворешните граници на земјите-членки, туку е сојуз кој и покрај сите различни гледишта на мноштво теми има една заедничка суштина – грижата едни за други!

Тоа е најголемата вредност во Алијансата, столбот кој нè држи исправени и во најтешките мигови во еден човечки живот. Во тоа е нашата колективна сила! Им благодарам од срце на секој еден од нив и им порачувам – нивната поддршка јас и македонските граѓани никогаш нема да ја заборавиме. Но, сакам да нагласам дека нема да го заборавиме ниту професионализмот и посветеноста на секој еден припадник на Армијата и на сите останати чинители кои беа максимално посветени да помогнат веднаш на своите сограѓани. Секој еден припадник од Генералштабот и Министерството за одбрана и 146-те припадници кои беа ангажирани во поддршка на институциите и граѓаните, мораа да се изборат со сопствените чувства и тагата и најпрофесионално да одговорат на задачите. И секој следен пат кога ќе го споменеме зборот херој, треба гласно да ни одекнува дека Македонија ги има многу во својата историја, кои го дале својот живот, но и херои кои се секојдневно меѓу нас, подготвени веднаш да помогнат, а дел од нив се и припадниците на македонската Армија, рече Мисајловски.

Министерот истакна дека ни се потребни промени кои значат почитување на законите и ќе ни помогнат да изградиме функционално, праведно и современо општество.

Нека споменот за нашите херои, за трагично починатите и за сите оние кои дале свој придонес за Македонија нè води кон суштински промени. Системот може да се смени само ако искрено секој од нас даде свој придонес, во почитувањето на секое правило. Тоа е љубовта кон татковината, да ја сакаш државата и да го почитуваш секој сограѓанин. Ни претстојат сериозни предизвици кои ѝ можеме ѝ мораме заеднички да ги надминеме, за доброто на сите нас. Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти и ќе се прилагодува на новите предизвици со една цел, подобар, побезбеден и поквалитетен живот за сите граѓани, нагласи Мисајловски.

Потенцираше дека членството во НАТО претставува и гарант и за стабилноста на македонската економија. Стабилност која значи можност за странски директни инвестиции, но истовремено и уште позначајно, можност за македонските компании да учествуваат на НАТО пазарот кој изнесува над 10 милијарди евра годишно.

Министерот за одбрана Мисајловски оцени дека со членството во НАТО ја зацврстивме својата безбедност, но и даваме свој придонес со свои капацитети во зацврстувањето регионалната и на колективна безбедност. Потенцираше дека од нашите 31 земја сојузник имаме голема поддршка во развојот на вооружените сили. Се развиваме заедно, рече МИсајловски, затоа што НАТО го означува токму тоа – сите заедно, со здружени сили кон силна и безбедна Алијанса.

Инвестираме во македонската одбрана, ја модернизираме нашата Армија со силно темпо, а заедно со нашите сојузници учествуваме во голем број вежбовни активности дома и во странство со што ја зајакнуваме интероперативност, која е клучна особено при учеството во мировните операции. Имаме многу што да научиме, но и да понудиме. Да си ја чуваме Македонија, да се грижиме за безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко, затоа што само така можеме да одиме напред, за подобар и попросперитетен живот, рече Мисајловски.

Во тек е обраќање на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова. На свеченоста присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости.

Свеченоста ќе продолжи со показни вежби на припадниците на Армијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сестрата на Фросина: “Кој е следен?” да ве прашаме вас, Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?
Следна Статија Во денови на жалост во Македонија, екс министерката за култура бара да оди на платено службено патување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови мерки за побрз премин

Пред почетокот на летната сезона Македонија и Албанија ќе го имплементираат системот „One Stop Shop“ за побрз и поедноставен граничен…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Деца нападнале соученик и се обиделе да извршат полово дејствие врз него!

На 08.10.2024 во 20:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11:00 до 15:00…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во одговор на новинарски прашања рече дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?