Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна

Објавено February 26, 2025 21:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека размислува за промена на државниот грб, но апсолутно не размислува за промена на македонската химна, ниту пак, како што кажа, му доаѓа на памет да влегува во таква дискусија.

-Химната е дефинирана во Законот, постои закон за знаме, грб, химна. Таа е дефинирана со закон, којшто е системски и е потребно двотретинско мнозинство. Исто така таа си е дефинирана со текст. Дали некој ќе одлучи како што вие велите, химната да ја емитува со текстот или без текстот, практично е одлука на организаторот. И често пати сум бил на настани во коишто се слуша само мелодијата, но да се менува текстот… мене не ми паѓа на памет да влегувам во било каква расправа за менување на текстот на химнаа, рече Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М телевизија.

Мицкоски посочи дека ниту станало збор за таа тема на дискусија меѓу коалициските партнери, и ниту па ќе влегува во каква било расправа во која ќе се менува текст на химна.

Премиерот нагласи дека химната ја отсликува историската генеза на создавањето на оваа држава, додавајќи оти е многу погрешно гледањето на работите за тоа дека химната не ја отсликува мултиетничноста.

–Истото би го кажал и на коалициските партнери ако ме прашаат и за оваа тема. Тогаш влегуваме во една голема замка, тогаш ќе дадеме сто аргументи кои се спротивни на таа теза. Па дури ниту химната на Косово, ако така гледаме, не ја отсликува. Но тоа не е суштината. Суштината е дека оваа држава е создадена врз основа на некакви процеси што се случиле во минатото, што се прераскажани во текстот од химната и ние со тој текст искажуваме почит кон тие процеси, не поради етничката припадност, туку поради тоа што тие процеси и таа жртва во тие процеси се создала оваа држава. И тука нема Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци…, потенцира Мицкоски.

Во однос на промена на грбот и дали има таква иницијатива, Мицкоски рече дека ако има ќе знае јавноста, ќе влезе во Парламентот.

-Ценам дека хералдичкиот симбол земскиот лав е симбол на сите оние генерации кои што живееле во овие простори, и тоа не е некоја тајна. Тој е партиски симбол и на други политички партии, не е само на ВМРО-ДПМНЕ. Таму мојата изјава е резултат на брифинзи кои што излегоа во јавноста во одредени медиуми и претпоставувам дека новинарот кој што мене ми го постави прашањето беше инспириран од тие брифинзи во тие медиуми. И јас дадов одговор внимателен во кој што кажав дека владата во која што беа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кој што ја предводеше Никола Груевски имаше договор за да се смени грбот во државата. И тоа беше мојот одговор, додаде премиерот.

Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими вчера оцени дека со промената на грбот треба да се смени и химната, за што, според него, има три опции: химна со два текста – едниот за Албанците, другиот за Македонците, химна со еден текст што ќе ги вклучи сите етникуми и ќе може да се пее на сите нивни јазици и химна без текст.

Против промена на химната се изјасни и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според која, нема потреба за промена на химната. -Апсолутно мислам дека нема потреба од промена на химната. Химната никогаш не одразува сегашност, секогаш одразува историска меморија, генеза. И ние немаме право, замислете јас не сум чула да менуваат луѓе дури и, ако се сеќавате, во рамките на ЕУ, во обидот да се донесе Уставот во 2005 на ЕУ, беше предвидена химна. Не дојде до тоа. Значи целата историја сите народи низ историјата креирале песни или химни коишто се најважниот државен симбол впрочем и затоа незнам колку знаете, текстовите на химните во најголемиот број држави се во Уставот, рече претседателката во изјава за медиуми минатата недела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По налог на САД: Српското обвинителство формираше предмет за четири невладини за злоупотреба на пари од УСАИД
Следна Статија Колку помош доби Украина и дали нејзините ресурси можат да ја покријат?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Џемали Саити в.д. претседател на Врховен суд

Судскиот совет на денешната седница со 10 гласа „за“ и два „против“ го определи судијата Џемали Саити за в.д. претседател…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Набавка на лекови од 8.6 милиони денари без тендер извршила Клиниката за детски болести, во 2022 година, констатира Извештајот на…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Бидете сигурни, ниту еден објект кој не исполнува услови нема да биде оставен да функционира

Во моментов трае акција на Државен пазарен инспекторат на цела територија на државата, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Согласно законот за…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невозможно е да се соберат 5.000 потписи: Дали ќе се намали прагот за независни кандидати за локалните избори?

Партиите најавуваат измени на Изборниот законик пред локалните избори.Последни измени на Изборниот законик имаше пред парламентарните избори 2024 година, но…

April 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?