Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во дипломатска офанзива во Минхен и во Вашингтон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во дипломатска офанзива во Минхен и во Вашингтон
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во дипломатска офанзива во Минхен и во Вашингтон

Објавено February 13, 2025 22:24
Сподели
Сподели

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива во Минхен, Германија, и во Вашингтон, САД.

Во Минхен од утре, па во наредните три дена, ќе се одржува Минхенската безбедносна конференција каде се собираат политичките лидери од светот во пресрет на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со ЕУ.

Голем дел од дискусијата што водеше до конференцијата беше за тоа дали пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, ќе го претстави својот долгоочекуван мировен план во главниот град на германската покраина Баварија.

Премиерот Мицкоски ќе предводи Владина делегација која ќе учествува на минхенската конференција при што ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на западниот балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

Воедно се очекуваат и повеќе билатерални средби со преставници на ЕУ и негови колеги од регионот.

Оваа прилика ќе биде искористена за преставување на македонските напори на патот кон ЕУ и потребата Унијата повеќе да се заложи за македонските интеграции и уважување на досегашните напори.

По завршувањето на конференцијата Мицкоски ќе отпатува за Вашнингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската Конзервативна Партија, поточно ЦПАЦ што е најголем собир на конзервативците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Демократија“: Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија затоа што не им одговара
Следна Статија Роналдо најплатен спортист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Платите на функционерите ќе се кратат, Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони

На 89. пленарна седница Собранието ја утврди потребата за носење пакет закони со кои ќе се нивелираат платите на избраните…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

ОН ѝ пресуди на Бугарија: Неосновано ја блокирала регистрацијата на Македонци

Комитетот за човекови права при Обединетите нации утврди дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување, откако домашните судови…

April 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни

Поради пренатрупаност во затворот „Идризово“, додека еден спие, другиот треба да седи буден и да чека ред бидејќи креветот го…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?