Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра

Објавено March 23, 2026 15:46
Сподели
Сподели

Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизел и безоловното гориво споредено со која било земја од регионот, а потрошувачката е зголемена за околу 150 000 литри на ден.

Според премиерот, многу граѓани од соседните држави полнат гориво на нашите бензински пумпи. Притоа, притисокот е најголем на западната (Охрид, Струга, Дебар), јужната (Битола, Гевгелија) и северната (Куманово) граница.

Мицкоски потенцира и дека Владата во однос на горивата одлучила да презема поробусна интервенција која, како што објасни, ќе спречи драматично поскапување кое би удрило по стандардот на граѓаните.

– Имаме уште неколку мерки, но внимателно ја следиме сиртуацијата. Граѓаните и бизнисот да бидат спокојни. Имаме предизивци, но електро-енергетската состојба е исклучително стабилна и снабдувањето со нафта и нафтени деривати е исклучително стабилно. Во овој момент, ги задоволуваме домашните потреби. Како земја имаме најниски давачки кон Владата кога станува збор за бензините и дизел горивото. Правевме анализа, имајќи ги предвид цените на берзите и дојдовме до заклучок дека ако интервенираме во акцизите тогаш намалувањето за безнините ќе беше еден денар за литар, а за дизелот два денара. Затоа се одлучивме за поробусна интервенција со која се намалуваат цените за околу 6,5 – 7 денари за литар. Сакавме поробусна интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, да нема драматично зголемување кое би удрило по стандардот, напомена Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.

Тој потсети дека на вчершаната седница Владата донесе одлука да прогласи кризна состојба од 30 дена и да го намали ДДВ-то на горивата од 18 на 10 отсто.

-Ние сме една од ретките влади во Европа кои директно од Буџетот го поддржуваат стандардот на граѓаните и така ќе продолжиме. Тоа за нас е најголем интерес и приоритет и тоа е целта на една народна влада како оваа, истакна премиерот.

Досега, информира, не е реализиран разговор со раководството на ОКТА.

-За тоа е задолжена министерката за енергетика. До овој момент немам информација дека е реализиран тој разговор. Очекувам денеска тоа да се разлизира и очекувам разбирање од ОКТА. Сега се моментите да си помогнеме едни на други, порача Мицкоски.

Во врска со коментарите на опозицијата дека Владата не прави доволно во однос на кризата, Мицкоски истакна дека единственото нешто по кое ќе бидат запамтени СДСМ е фактот дека како држава најлошо се справивме со КОВИД-пандемијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Кај секое петто боледување во МВР има злоупотреба
Следна Статија Регулаторна: Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја доби Петровска на суд: Екс министерката мора да се извини

Поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка на СДМ Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски, граѓанскиот суд…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот поради неисплатен долг од ЈСП

Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре е Духовденски понеделник, ова се обичаите кои носат благосостојба и среќа

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?