Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра

Објавено November 18, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

– Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да биде уште поголема, бидејќи тоа ќе ни донесе придобивки за двете земји, рече Мицкоски, објави државната Радио телевизија на Косово (РТК).

Премиерот потенцира дека и потпишувањето на денешните договори кои се од областа на енергетиката, граничната и на економската област се во таа насока.

– Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два. На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој.

Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.

– Република Косово и Република Македонија немаат несогласување. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат се посилни и посилни, потенцира Курти.

Тој рече дека оваа средба доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми, потенцирајќи го нивното целосно и прецизно спроведување.

Денеска ќе го унапредиме овој напредок со потпишување на два меморандуми и протокол во важни области како што се енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, нагласи Курти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Курти: Косово и Македонија немаат недоразбирања
Следна Статија Мицкоски: Со Косово потпишуваме меморандуми за соработка во три области

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските

Управата за јавни приходи соопшти дека заклучно со 25 јули годинава евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако планирате да правите ајвар: „Ајварката“ се продава по 50 денари за килограм

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), Васе Анакиев, заедно со инспекторски тим, изврши контрола кај повеќе откупувачи на пиперка…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народна банка ја намалува каматната стапка на благајничките записи

Народната банка на Македонија најави намалување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Оваа промена е дел…

October 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Над 300.000 пензионери пак ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека над 300.000 пензионери повторно ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари со…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?