Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Есенската потрошувачка кошничка и ниската инфлација придонесуваат за подобар стандард на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Есенската потрошувачка кошничка и ниската инфлација придонесуваат за подобар стандард на граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Есенската потрошувачка кошничка и ниската инфлација придонесуваат за подобар стандард на граѓаните

Објавено October 5, 2024 18:15
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека есенската кошничка овозможила намалување на цените на одредени производи, особено на оние од житарки за околу 10 проценти. Тоа, додава, надополнето со ученичката којшничка, која овозможила намалување на одредени производи и до 20 па и 30 проценти, овозможува заштеда за граѓаните. Според него, дополнително за подобрување на стандарот придонесува и ниската инфлација, која, како што рече, за август изнесува 2,2 проценти.

-Морам да кажам дека сме исклучително задоволни од тоа што се случува во одредени маркети, не во сите, бидејќи во некои за жал имаме и шпекулативно однесување. Но, онаму каде што се намалени цените тие се намалени со оваа таканаречена есенска кошничка некаде и повеќе од 10 проценти. Особено тоа се однесува на производите кои се од житарици, рече Мицкоски одговарајќи на прашања по поставувањето камен темелник на нов објект на терминалот за стоково царинење со што се означува почетокот од надградбата и реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир.

Тој додаде дека со таканаречената ученичка кошничка дел од производите се намалиле и за 20, а некаде и 30 проценти. Тоа, вели, е голема заштеда за граѓаните која, исто така, влијае на стандардот. Дополнително рече, добро за стандардот на граѓаните е тоа што во август стапката на инфлација изнесувала 2,2 проценти.

-Не така одамна, пред една година стапката на инфлација беше 20 отсто и тоа беше директен удар на стандардот на граѓаните. Сега имаме ниски цени, инфлација која е најдобра во регионот и најдобра во евроа и ќе носиме мерки и политики дополнително да ја намалиме. Се сеќавате претходната Влада кажуваше дека инфлацијата е увезена, иако таа во тој момент беше двапати поголема од ЕУ земјите. Сега е двапати пониска од земјите од Европската унија, рече македонскиот премиер.

Тој додаде дека како Влада продолжуваат да работат посветено, одговорно и чесно. Нас, рече, не плаќаат граѓаните и мора да го слушаме гласот на народот, бидејќи нема друга алтернатива.

За есенската потрошувачка кошничка денеска говореше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

-Со помош на есенската потрошувачка кошничка едно просечно македонско семејство штеди од илјада до 1.500 денари месечно, посочи Ристески, кој присуствуваше на „Текстилијада“ во Штип. Тој посочи дека ако на ова се додаде и училишната потрошувачка кошничка која е направена на стартот на учебната година, едно просечно семејство кое има ученик штеди од 4.000 до 5.000 денари.

– Мислам дека се опфатени 73 групи и некаде околу 500 производи. Мислам дека има ефект од есенската кошничка, има намалување на цените по порценти во зависност од бруто профитната маржа, знаете дека беше ограничена на 10 отсто, оние поризводи кои имале поголема бруто профитна маржа, навистина имаме пад на тие производи за 20, 30 па и повеќе посто. Посебно намалување има на млекото и млечните производи, сирење, кашкавал, месо, дел од овошјето, зеленчукот. Има и производи каде маржата била помала и помало е и намалувањето, рече Ристески.

Тој додаде дека во однос на законот за нефер трговски практики, во регулирање на договорите меѓу добавувачите и произведувачите со купувачите, 26 практики треба да бидат исклучени од Законот. Комисијата за заштита на конкуренцијата врши контрола по што ќе следуваат и казни.

-Зголемен е бројот на членови кој во еден дел ќе ги контролираат договорите, а во другиот дел ќе ги спорведуваат и казните. До Нова Година ќе пратиме ситуација на терен, дали се почитува Законот, а потоа ќе следуваат и казни кои не се мали и изнесуваат и до 20.000 евра за трговците на мало, рече Ристески.

Тој упати апел да се почитуваат одлуките и законот, и додаде дека индиректно до Нова година ќе има и дополнително намалување на цените на производите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки
Следна Статија Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЕasyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз од 2 април

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации…

January 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Штрајкуваат пилотите во „Луфтханза“, откажани стотици летови во Германија

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ стапија во дводневен протест, кој предизвика значителни прекини во воздушната комуникација. Протестот, кој ги опфаќа…

April 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?