Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Зголемен капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Зголемен капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зголемен капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија

Објавено April 7, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски по повод Светскиот ден на здравјето на денешната прес-конференција истакна дека здравјето е наша заедничка обврска, а Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем, да вложува во услови, кадар и достоинство на сите здравствени работници.

-Донесена е одлука за историско зголемување на капитациониот бод за матините доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија. Почнувајќи од април 2025 година. Зголемување на капитацијата на матичните лекари значи повисоки плати и помотивирани лекари. Согласно оваа одлука вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари што претставува зголемување од 33 односно 23 проценти, посочи Мицкоски.

Премиерот додаде дека оваа одлука доаѓа по повеќегодишна стагнација во период од 2019-2022 година кога бодот изнесува 63 и 43 денари.

-Ако погледнеме наназад, од 2015 година до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114%. Потценетоста на примарната здравствена заштита доведе до намалување на бројот на амбуланти во 2024 година во однос на 2023 година за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година. Посебно намалување има во руралните и помалите места, за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки, вели Мицкоски.

Државата издвојува околу 4.5 милијарди за матичните лекари, гинеколози и стоматолози, а за ова зголемување ќе се издвојат околу 550 милиони денари или над 9 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска ја испеа „Ако утре ме нема“: Еден од најтешките настапи во мојата кариера
Следна Статија Телохранител пронајден мртов: Ги чувал Бекамови, Шварценегер, Џони Деп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Се воведува единствен електронски број на граѓанинот

Инфраструктура за интероперабилност меѓу институците постои, но тоа не е само ИТ прашање. Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој седми граѓанин е член на партија, најмногу се гласа по етничка линија

Основниот принцип по кој гласаат граѓаните на Македонија е етнички, а исклучоците се ретки. Ова го покажуваат резултатите од компаративната…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Се излеа Маркова река, поплави низ Батинци

Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани…

April 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?