Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија

Објавено June 12, 2025 21:50
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со Бугарија, истакна дека мотивите на владите на СДСМ и ДУИ биле попустливост кон Бугарија, прифаќајќи се што ќе им се понуди, со цел попустливост за криминалите, додека за разлика, мотивот на оваа влада е членство во ЕУ со зачувано достоинство.

„Многу јасна е работата, претходната влада влегла во оваа авантура мислејќи дека се што ќе им биде поставено на маса ако го потпишат, ќе добијат поддршка од надвор за да останат во владата. И тоа бил мотивот на Маричиќ, на Ковачевски, Османи, Пендаровски итн. Прашањето беше дали ќе останат на власт и ќе продолжат со криминалот со кој владееја или нема да останат на власт и ќе бидат опозиција каде што се сега.“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот во однос на мотивите на официјална Софија, посочи дека тие се децениски историски, а тоа е да се создаде нов вештачки македонски идентитет, нов вештачки македонски јазик коишто почиваат на бугарски корени.

„Нашиот мотив е сосема поинаков. Македонија, нашата заедничка на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, на сите граѓани во Европската Унија по достоинствен пат. Тоа е разликата помеѓу нас и нив.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во врска со изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи, премиерот Мицкоски потсети дека истиот тој министер за надворешни работи пред неколку месеци изјави дека ова е само почеток и дека во текот на преговорите има уште многу работи кои ќе треба да се дорешат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Киднапирана девојка во Струга, утрово се појавила во скопска болница
Следна Статија Кои авио компании го користат моделот на Боинг што се урна во Индија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, состојбата излегува од контрола

Состојбата апсолутно излегува од контрола, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук, поради серијата пожари кои ја потресуваат државата…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СДСМ денеска објави видео снимка за која тврди дека е од полициски радар на кој се гледа како братот на…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино

Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално…

April 14, 2025
ПОЛИТИКА

Беким Сали предложен за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за министер животна средина

Актуелниот пратеник Беким Сали е предложен за нов вицепремиер задолжен и за Министерството за европски прашања, а Мухамед Хоџа за…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?