Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори

Објавено October 21, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите на Европската Унија.

Настанот во организација на Институтот на регионите на Европа (IRE), Европскиот конгрес, со околу 700 гости и над 60 говорници од цела Европа, годинава се одржува годинава по 20-ти пат под мотото „ЕУ: Нема иднина без реформи”.

Мицкоски на фејсбук објави дека во излагањето посочил оти иднината на Македонија е во Европската Унија и на тој пат државата направи бројни отстапки и чекори кои ја докажуваат нејзината посветеност кон европската иднина.

– Она што недостасува е волја проследена со дела регионот вистински да премине од европската чекалница кон реализација на европската иднина. Иднината на регионот е во економска и политичка преобразба и меѓусебно поврзување. Се бориме македонските компании да излезат надвор од границите, да го помогнеме извозот и да привлечеме странски капитал. Досега во овој кус период покажуваме резултати, а заедно ќе направиме многу повеќе, наведува во објавата премиерот Мицкоски.

Тој синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на Институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.

– На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, напиша Мицкоски на ФБ.

Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црви пронајдени во бајадерата Краш во Хрватска
Следна Статија Петрушевски: СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Mицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на центарот на Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?