Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски не очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски не очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто

Објавено November 12, 2024 12:55
Сподели
Сподели

На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе ја испорачува до универзалниот снабдувач ЕВН хоум, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од 1 јануари идната година не очекува сметките на граѓаните за струја да се зголемат повеќе од три отсто. Според Мицкоски цената по која ЕСМ ќе ја испорачува струјата кон ЕВН хоум, ќе биде меѓу 58 и 62 евра за мегават час, која е во рамките на 60 евра по која ја испрачува до сега.

Не очекувам да има зголемување на цената на струјата од 10-15 отсто, како што е случај во повеќе земји од регионот и во Европа. Очекувам, ако има, да биде незначително, во рамките од еден до три проценти. Не очекувам да биде повеќе од тоа – изјави денес премиерот Мицкоски, одговарајќи на прашња на новинарите на прес конференција по потпишување на договорот за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.

Тој беше прашан на што ги темели неговите изјави дека не очекува струјата да поскапи од 1 јануари, со оглед дека веќе две недели струја се увезува, а на берзата ХУПЕКС цената стигна до 300 евра за мегаватчас, како и дека компанијата ЕСМ е во исклучително лоша состојба и нема помош од Буџетот, а притоа има земено кредит од домашните банки.

Мицкоски за состојбата во која се наоѓа компанијата ЕСМ која што е во државна сопственост, ја обвини поранешната владејачка гарнитура, која според него седум години ја ограбувале ЕСМ.

Ние во овие 4,5 – 5 месеци направивме чудо за да ја консолидираме компанијата, за да не дојде до зголемување или ако биде, тоа да биде во рамките на два – три проценти, да биде тоа незначително и тоа да е реткост за регионот. Тоа е навистина успех – рече премиерот додавајќи дека компанијата во 2017 година имала 1,5 милијарди денари депозити во банки и некаде околу 360-380 милиони на сметка и без долгови.

Тој посочии дека компанијата е консолидирана, на депонија има околу 200-250 илјади тони јаглен, како и околу половина милион тони јаглен кој што се договорени по цена која што наместо 63 е 43 евра по тон. Исто така, има откриено и залихи од 1,5 милиони тони, а исто така е договорена и цена на гас која што наместо берза плус 11 евра е берза плус четири евра, а од јануари се очекува и тоа да поевтини.

Кога ќе ги подготвите сите овие активности во овие 4,5 месеци, тогаш доаѓаме до она за кое што јас го говорам изминативе денови дека очекувам ако има да биде незначително, во рамките од еден до три проценти, не очекувам поголемо од тоа – рече Мицкоски.

На прашањето дали цената на струјата на ЕСМ и натаму ќе се одржува вештачки под производната цена за мегаватчас, со оглед на тоа што е повисока, а сега е 60 евра, Мицкоски рече дека ЕСМ има приходи од електричната енергија која што ја дава на ЕВН хоум, како и од системски услуги односно терциената енергија која што ја дава на МЕПСО и плус од загубите кои што ги продава и на МЕПСО и на дистрибутерот.

Кога сето тоа ќе се анализира плус сите оние мерки за кои што зборував за намалување на цената на електричната енергија, очекувам компанијата целосно да биде консолидирана веќе кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и од компанија загубар да биде во позитивна нула – рече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер
Следна Статија Загина возач кој удри во заштитната ограда после првиот тунел кај Демир Капија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 4.975,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за…

November 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 250 милиони евра се ставаат на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашни компании

На владина седница која се уште трае беше донесена одлука, со која како што ветивме, се ставаат на располагање на…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание, Димитриеска-Кочоска најавува раст темелен на реални инвестиции

Стапката на раст ја темелиме на реални инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ветувајќи реална реализација на планираните…

November 1, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?