Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Оптимизмот за ЕУ ми се темели на директните средби со Макрон и Мерц во Тиват
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Оптимизмот за ЕУ ми се темели на директните средби со Макрон и Мерц во Тиват
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оптимизмот за ЕУ ми се темели на директните средби со Макрон и Мерц во Тиват

Објавено June 6, 2026 21:38
Сподели
Сподели

Пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни во последните две години и потврдија дека процесот на проширување не е завршен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје.

Мицкоски појасни дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дале силен мотив за продолжување на реформите врз основа на заслуги, а нивниот заеднички „нон-пејпер“ веќе добил инструкции за операционализација во Брисел.

„Она што го слушав и од францускиот претседател и од германскиот канцелар, а и таму во работниот дел од Самитот, можев да заклучам дека документот што тие го имаат подготвено, „нон пејперот“, институциите во Брисел веќе добиле инструкции за негова операционализација и претставува значајно подигнување на нивото на односи помеѓу Западен Балкан и Европската Унија, односно, тој документ и таа реформа овозможуваат механизам со којшто ќе имаме, поголемо користење на одредени алатки од страна на земјите на Западен Балкан и тој никако не е во конфликт со проширувањето. Тоа се два паралелни процеси. Ова е еден процес, а проширувањето си останува како друг процес“ -нагласи Мицкоски.

Премиерот информираше дека на самитот во Црна Гора бил договорен нов динамичен формат на почести состаноци во Брисел на високо ниво, кои наместо двапати годишно, ќе се одржуваат најмалку двапати месечно за заедничко креирање политики.

„Тоа ќе значи дека ќе можете со луѓето кои што одлучуваат да разговарате и да креирате политики и да ја градите иднината заедно, така што во секој случај и францускиот претседател и германскиот канцелар дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит. Така што јас се враќам од самитот навистина задоволен и инспириран да продолжиме сите во Владата да работиме уште попосветено и уште помотивирано за да можеме да ги користиме сите оние алатки кои што со овие нови механизми ќе ни бидат ставени на располагање“ -рече Мицкоски.

Запрашан за ставовите на Антонио Кошта и Румен Радев дека без уставни измени нема напредок, премиерот нагласи дека неговиот оптимизам доаѓа од фактот што бил единствен од регионот кој имал клучни билатерални средби со лидерите на Франција и Германија.

„Мојот оптимизам се темели на тоа што јас бев единствениот од земјите од Западен Балкан кој имаше билатерални состаноци и со францускиот претседател Макрон и со германскиот канцелар Мерц. И точно знам што се зборуваше на тие состаноци и точно знам што ќе следи во периодот којшто е перед нас“ -рече премиерот.

Мицкоски ја отфрли тезата дека планот од француско-германскиот документ не важи за Македонија бидејќи ги опфаќа сите шест земји како паралелен процес, но децидно порача дека останува на цврстиот став во однос на промената на Уставот со јасни гаранции.

„Планот на Мерц и Макрон ги вклучува сите земји на Западен Балкан. Не се сите земји на исто ниво во процесот на, на интеграција, но ги вклучува сите земји на Западен Балкан – групата шест и не е поврзан со процесот на проширување, бидејќи и едниот и другиот паралелно продолжуваат. Да, точно е, одредени делови од овој план подразбираат одредени поглавја да бидат затворени, но и тука ќе има во периодот кој што следи одредени поместувања“ -додаде тој.

„Додека немам јасни гаранции дека нема да има повеќе билатерални прашања и идентитетски прашања, само таков тип на уставни измени можам да поддржам. Сè останато нема никогаш да го, еве поддржам“ -рече Мицкоски.

Шефот на Владата посочи дека на средбите со Макрон и Мерц наишол на интерес за оваа тема и повика на почитување на темелните европски вредности кои мора да важат еднакво за сите, алудирајќи на пресудите од Стразбур кои Бугарија не ги спроведува.

„Подготвени сме да бараме решение, но непринципиелно е, бидејќи ги слушав вчера изјавите, да се повикувате на почитување на човековите права, нели, така кажа премиерот на Бугарија, а на бирото да ви стојат четиринаесет пресуди од Судот за човекови права во Стразбур и да не дозволувате македонската заедница во Бугарија да си регистрира невладина организација. Или принципите важат за сите или не важат, тоа се темелните европски вредности. Важно е дека многу почесто ќе бидеме во Брисел на масата и ќе можеме да зборуваме. Тоа е многу понапред од тоа што бевме пред година, две, три или или претходно, така што ја повикувам македонската јавност да не подлегнува на било какви притисоци кои што значат неизвесен крај, а дополнително национално понижување за граѓаните во Македонија. Ние мора да сме внимателни и прецизни со јасна стратегија која што ја имаме како влада и која што ја водиме. Имаме пријатели и чекор по чекор ќе дојдеме до целта“ -порача премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен пијан маж кој направил хаос во болница во Велес
Следна Статија Пет најдобри плажи за летување со деца во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на самитот „Конкордија“: Крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН.…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје ќе има средба со лидерите на земјите од Западниот…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Тргнете ги рацете од Уставниот суд!

Тргнете ги рацете од Уставниот суд! Останете реално и вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кој пости – душата ја гости: Од понеделник почнува Велигденскиот пост, ова се правилата

Од понеделник, ден после Прочка, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?