Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Објавено May 20, 2025 16:43
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст на Македонија, изјави дека растот се темели на реализација на инфраструктурните капитални проекти како и на зголемена потрошувачка, што е резултат на порастот на платите.

„Па, тој се темели на реализација на инфраструктурните капитални инвестиции и потрошувачката, поради растот на платите. Тој е позитивен, со позитивни изгледи за државата, иако јас сум оптимиста дека ќе биде и поголем. Минатата година, кога бевме избрани како Влада, Светската банка предвидуваше 1,8% раст. Ние тоа го над фрливме со 70-тина проценти, имавме раст од 2,8%. Третиот квартал, минатата година беше 3%, четвртиот 3,2%, а овој очекувам растот да биде помеѓу 3,5% и 4% на бруто-домашниот производ“, напомена Мицкоски.

„Зошто? Затоа што сме една од ретките, можеби единствена во регионот — земја која што има раст на индустриското производство, во првиот квартал. Имаме раст на туризмот. Тука се смее — Зоран Љутков во позадина радосно, се разбира, и задоволно, затоа што од опозицијата заборавиле дека Љутков е министер за култура и туризам.
Во првиот квартал од оваа година имаме раст од повеќе од 10%, на основ на број на туристи и на основ на ноќевања. Што е навистина редок случај во Европа — да не речам, единствен. Имаме раст во аутпутот во земјоделието. Имаме раст и во завршените градежни работи. Потрошувачката е двоцифрен раст.

Така што, имаме раст на директните странски инвестиции, раст на извозот. Иако има криза во автомобилската индустрија, тоа не ја погодува нашата држава. Реализација на капиталните инвестиции на дневна основа. Така што првите индикатори дека одиме на добро веќе јасно се гледаат.

Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме помеѓу 3,5% и 4%. Инфлацијата е во март 2,7% на годишно ниво, а на месечно е -1. 3%. Во април беше 2,6% на месечно ниво 0,6%. Така што, ако ги гледаме сите овие индикатори, можам да дојдам до заклучок дека сум уште поголем оптимист и дека има шанси да ја завршиме годината со оние проекции кои што ги имавме со раст поголем од 3,5%“, објасни тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку чини сместување во Грција оваа сезона?
Следна Статија Финансии: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се намалат ли цените: Трет мобилен оператор официјално се очекува на почетокот на 2026

Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се…

December 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски на терен: Придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш се огромни за бизнисот и туризмот

Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско -Дреново -Фариш.…

July 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески на Конференеција во Женева: Монетарната политика e претпазлива согласно предизвиците

„Монетарната политика и во иднина ќе биде претпазлива согласно предизвиците од неизвесностa поврзана со домашното и надворешното окружување. Народната банка…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?