Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа

Објавено June 29, 2026 16:34
Сподели
Сподели

Последите податоци од Еуростат според кои основната потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа ги демантираат сите кои не сакаат државава да успее, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Откако минатата недела имаше средби со претставници на ланците маркети, а најави разговори и со производителите и добавувачите со цел да се постигне поевтинување на основните производи по нивниот раст во изминатиот период Мицкоски потенцираше дека цените на основните прехранбени производи за него се врвен приоритет.

– Детално навлегуваме во оваа проблематика, лично јас се занимавам во идентификување на тие 600 производи коишто влегуваат во статистиката. И тоа го имам јас лично како врвен приоритет. Добро е што Еуростат излезе со параметар во којшто вели дека основната потрошувачка кошничка во Македонија е убедливо најевтина во Европа и е некаде отприлика 49,7 проценти од европскиот просек. Дали е тоа доволно? Не е. Но, тоа ги демантира сите оние кои не сакаат оваа држава да успее и кои не сакаат да ја видат Македонија горда и напредна и се практично сите оние зли јазици коишто создаваат лоша, тмурна атмосфера во општеството. И ваквите податоци, ваквите параметри ги демантираат тие антидржавни елементи во Македонија, изјави Мицкоски.

Тоа, оцени, не е доволно и треба да работиме и ќе работиме. – И јас лично, еве ви велам, работам на методологија на идентификување на тие 600-700 производи коишто статистички се мерат и директно на нив ќе одиме. Ако треба фактура по фактура, еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како можеме да покачиме. Ова е темелна операција што лично ја водам и очекувам да има многу скоро резултати коишто ќе бидат видливи на терен – рече Мицкоски, по присуство на пуштање нова градинка во населбата Трубарево во општина Гази Баба.

Мицкоски минатата недела по средбата со претставниците на најголемите ланци маркети соопшти дека е дефинирана цел годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули годинава да биде под 3 проценти, а најави средба во таа насока и со производителите и дистрибутерите.

Во меѓувреме, како што најави Државниот пазарен инспекторат ќе прави споредбена анализа помеѓу цените на ист производ на добавувачите кон маркетите и цените на маркетите за тој производ кон потрошувачите за мај годинава споредено со мај лани. Целта, вели Мицкоски, е да се види што е тоа што креира состојба да имаме зголемени цени на основните прехранбени производи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Противничката на Ѓорческа возбудена пред утрешниот меч
Следна Статија Електронското гласање на дијаспората е антидемократско, смета СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ќе се гради патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека покрај автопатските врски од Охрид до Кичево и од Тетово -…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стопанството со нетрпение ги очекува парите од унгарскиот заем

Стопанството гледа оптимистички на состанокот во недела помеѓу државата и банките на кој треба да се договорат условите како ќе…

November 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Во земјава активни околу 80.000 фирми, бизнисот масовно се префрла на електронско работење

Во Македонија моментално се активни околу 80.000 компании, а забележлив е трендот на намалување на употребата на хартија во деловното…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, охрабрува што бројот на странски туристи е зголемен над 10 проценти

Туризмот е еден од нашите приоритети, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со овој сектор…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?