Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата

Објавено April 8, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата.

-Ова тело претставува чекор напред во обидот конечно да воспоставиме функционален и синхронизиран систем кој ќе ѝ застане на патот на корупцијата. Дозволете ми веднаш да бидам јасен, ова тело нема да биде само уште една административна конструкција. Ние сме овде за да создадеме нова форма која што ќе има суштина, а нема да биде форма која ќе биде без содржина. Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно. За жал, изминатите години гледавме како корупцијата тивко, но упорно ја разјадува довербата кај граѓаните, но и во институциите. Судски постапки што траат со години, обвиненија кои никогаш не завршуваат со пресуда, истраги кои се отвораат само кога ќе станат медиумска сензација, рече Мицкоски.

Премиерот оцени дека сето тоа создаде чувство кај граѓаните дека правдата е селективна, а корупцијата прифатена.

-Токму тоа е најголемата штета, не само изгубените пари туку и изгубената верба. Корупцијата убива надеж, ги тера младите да си заминат, ги обесхрабрува чесните, го подрива општеството. Корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бура од реакции за пресуда со смртен исход: Ако сте ја искубале Шеќеринска – 4 години затвор, ако сте одзеле живот на пешачки – 2 години затвор
Следна Статија Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска календарски ни започнува зимата

Денес во Македонија и на северната хемисфера започнува зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денеска е недела,…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кавадарци добива современ затворен базен со спа центар, Мицкоски и Јанчев извршија увид

Кавадарци добива современ затворен базен со спа центар, проект кој претставува значаен чекор напред за спортско-рекреативниот и туристичкиот развој на…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?