Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Објавено March 27, 2025 21:43
Сподели
Сподели

Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.

Мицкоски нагласи дека Владата вложува надчовечки напори во спасувањето на повредените во трагедијата.

– Немам што повеќе да кажам од она што го кажав досега. Уште еднаш да изразам сочуство на семејствата кои што ги загубија своите животи во оваа трагична и ужасна несреќа во Кочани. Како Влада правиме сѐ што е во наша моќ, вложуваме надчовечки напори да спасиме живот повеќе од оние што се повредени. Се радувам дека дел од нив полека се испишуваат од болниците во Скопје, но се враќаат и од странство, рече Мицкоски.

ТВ Канал 5 вечерва организира донаторска вечер со телефонски јавувања, на која учество земаа покрај премиерот Христијан Мицкоски, и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министри, претставници на политички партии, луѓе од јавниот и општествениот живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) “Македонија е грчка“ извикуваше грчката армија на прославата на Денот на независноста
Следна Статија Путин има потекло од Балканот, поточно од Албанија, потврди неговата ДНК?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата ќе даде 1,7 милиони евра за македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 во Белград

Владата склучи договор вреден 1,7 милиони евра за осмислување и реализација на саемско претставување на Македонија на ЕКСПО 2027 во…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа лето: Македонија под влијание на топлиот бран од Африка

Нашата територија од денес (31 мај сабота) започна полека да потпаѓа под влијание на најавениот топол бран кој е со…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

Денеска потпишавме меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта ни порача дека мора да се исполни тоа што е ветено во 2022 година, но знае колку тоа е тешко

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на средбата со премиерот Мицкоски истакна дека процесот на евроинтеграции е тежок, понекогаш фрустрирачки…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?