Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади
СПОРТ

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади

Објавено May 8, 2026 08:38
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе  има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади во Македонија, најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ќе се одржи на Плоштад Македонија со почеток во 12:00 часот.

Во присуство на високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, институции, партнери и илјадници деца, Македонија и официјално станува дел од големото семејство на Плазма Спортските игри за млади.

Освен Мицкоски на настанот ќе се обратат и министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

По свеченото отворање предвидено е да има изјави за медиуми од познати спортски ѕвезди.

-Програмата ќе биде збогатена со музички настапи, палење на пламенот на Игрите, видео пораки од светски спортски ѕвезди и бројни спортски активности. Ве покануваме заедно да испратиме силна порака за спортот, пријателството, фер-плејот и иднината на младите – се вели во соопштението на Федерацијата на училишен спорт на Македонија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска игра Ноле
Следна Статија Филипче: Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Спектакл на „Џузепе Меаца“, Интер во неверојатна драма ја елиминира Барселона

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот штого наследивме

-Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија говорејќи за нафтената криза…

April 24, 2026
СПОРТ

Болоња го совлада Милан и по 51 година го освои пехарот во Купот на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија. Во финалето на „Олимпико“ во Рим, Болоња го победи Милан со 1:0.…

May 15, 2025
СПОРТ

Лукаку, Куртоа, Де Брујне доаѓаат во петок на „Градски“

Maкедонија во петок на „Градски“ игра со Белгија во меч за квалификациите за СП . Ова е составот на гостите.Голмани:Тибо…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?