Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието
ЕКОНОМИЈА

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

Објавено March 23, 2026 15:49
Сподели
Сподели

Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури.

Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Категорично ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање.

Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон. Ова обезбедува континуитет во работењето и гарантира стабилност и непречено функционирање на институцијата, што е во согласност и со насоките на Меѓународниот монетарен фонд

Ваква ситуација не е новост и одредени пролонгирања се забележани и во претходни избори на членови на Советот на Народната банка. Потсетуваме дека во 2018 година, кога СДСМ заедно со својот коалициски партнер ДУИ го имаа мнозинството во Собранието, Советот на Народна банка повеќе месеци функционираше во нецелосен состав, што не е случај сега.

Законот и сегашната практика јасно обезбедуваат континуитет и стабилност во работењето на Народната банка до избор на нови носители на функциите.

Народната банка изразува загриженост, што преку неосновани и селективни информации пласирани во јавноста се доведува во прашање работењето на една високопрофесионална и одговорна институција.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Регулаторна: Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува
Следна Статија Д-р Кедев ќе добие поштенска марка „14 највисоки врвови“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идни договори за акции се речиси непроменети по рекордот на Dow

30-те акции на Dow го допреа историскиот врв во понеделникот и се затворија на рекордно ниво додека нафтените имиња пораснаа

January 7, 2026

Билион долари инвестиција: Бил Акман планира нов американски фонд

Познатиот инвеститор Бил Акман подготвува амбициозен финансиски потфат со целна инвестиција од 5 милијарди долари

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство

Владата согласно последните измени на Законот за стокови резерви, денес донесе 2 одлуки за набавка на пченица и оризова арпа…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?