Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
БАЛКАН

На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани

Објавено March 16, 2025 12:57
Сподели
Сподели

Владата на Република Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март 2025 година за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Република Македонија, соопшти српската влада.

„Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ и претседателот Вучиќ утринава разговараа за трагедијата во Кочани во Република Македонија, каде голем број граѓани загинаа во пожар во дискотека, по што беше одлучено е 18 март да биде Ден на жалост во Република Србија“,се наведува во соопштението на Владата.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата и изрази подготвеност од страна на неговата држава да помогне.

„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“,објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство
Следна Статија Вучиќ: Испраќаме хеликоптери и лекари во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ во Минхен ја притикуваше Шекеринска: „Кажува многу работи што немаат смисол“

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој беше  на Минхенската безбедносна конференција, ја критикуваше Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО. Тој изјави…

February 15, 2026
БАЛКАН

Млада кошаркарка ја загуби раката во страшната несреќа во Нови Сад: семејството се моли Ања да преживее

Студентката Ања Р.(23) од Параќин е тешко повредена при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Таа се…

November 4, 2024
БАЛКАН

(Видео) Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?

На протестите во Нови Сад нападнат бил деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид,…

April 29, 2025
БАЛКАН

Грчкиот Парламент денеска ќе гласа дали да се воведе 13-часовен работен ден – би бил најдолгиот во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?