Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата
Blog

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Објавено February 11, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата против корупцијата, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека е добро што се само два поена. Тој денес рече дека очекувал друг резултат по сите злоупотреби на европското знаме и коруптивни скандали во периодот на претходната влада.

„Детаљно го анализирав извештајот и тоа е добра основа, од каде што сега ќе можеме да почнеме да ја подобруваме нашата позиција. Апсолутно ќе ги задолжам и денеска на владината седница соодветниот министер и другите јасно да ги дететктираат слабостите што таму прилично јасно се детектирани и тие работи да не ни се повторат. Нема да ни се повтори повеќе ‘Соравија’ во центарот на Скопје, нема измени на Кривичниот законик со злоупотреба на европското знаме, нема да ни се повторуваат ‘бентли’, ‘астон мартин’, ‘ролс-ројс’ на блиски роднини на нашите семејства, нема да ни се повторат наместени тендери, парцели за фотонапонски централи на високи владини функционери и така натаму. Сето тоа е нотирано тука во извештајот и за нас претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме, ќе бидеме подобри или полоши“, рече премиерот Мицкоски.

Индексот на перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година покажува пад од два индексни поена на земјата во однос на минатата рангирајќи ја на 88. позиција заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чибишев повикува на внимателност: Во конзервирана риба-туна откриена голема концентрација на жива која може да предизвика оштетувања на централниот нервен систем!
Следна Статија Такер Карлсон: Oружјето што САД го дава на Украина завршува кај мексиканските нарко картели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Stock Market News: Indexes Head for Weekly Losses; Inflation Slows to 2.4% – The Wall Street Journal

February 15, 2026
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е вистински ден за Јарецот! Вашата активација на креативната енергија е на максимум, користејќи…

February 17, 2025
Blog

Ќе пиеме помалку или ќе плаќаме повеќе: Растат цените на кафето и какаото

Колку поскапе кафето најдобро покажува официјалната европска статистика. Имено, увозот на кафе во ЕУ во 2023 година бил на исто…

October 26, 2024

Размислувања за Go, Rust и Zig: Компаративна анализа на модерни програмски јазици

Длабока анализа на предностите и предизвиците на трите водечки системски програмски јазици во денешната технолошка сфера

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?