Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Нема правда“ – СДСМ за слободата на Груевски и одмрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Нема правда“ – СДСМ за слободата на Груевски и одмрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

„Нема правда“ – СДСМ за слободата на Груевски и одмрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено July 14, 2026 21:10
Сподели
Сподели

СДСМ остро реагираше по пресудите во предметот „Талир 2“, со кои поранешниот премиер Никола Груевски беше ослободен од обвинението, а конфискацијата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како „Белата палата“, беше укината.

Од опозициската партија оценуваат дека одлуката претставува доказ дека, како што велат, судството и обвинителството работат во корист на власта и овозможуваат поништување на претходните судски постапки против поранешни функционери

„Граѓаните гледаат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чистат Никола Груевски од одговорност за предметот ‘Талир 2’ и го одмрзнуваат криминалниот имот на ВМРО. По осум години, ‘Белата палата’, вредна 14 милиони евра, како и останатиот партиски имот во вредност од околу два милиони евра, повторно се во рацете на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од СДСМ.

Партијата тврди дека поранешниот премиер, кој е правосилно осуден во други предмети и се наоѓа во Унгарија, и понатаму ја избегнува казната благодарение на, како што велат, однесувањето на актуелната власт.

Според СДСМ, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не презела доволно активности за екстрадиција на Груевски.

„Груевски е осуден криминалец кој не ја издржува казната во Идризово. Мицкоски не бара негова екстрадиција, а документите кои требаше да бидат испратени со месеци патуваа од една до друга институција и никогаш не беа доставени“, наведуваат од партијата.

Во реакцијата се оценува дека ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ е уште еден пример дека, според нив, правосудниот систем не функционира независно.

„Мицкоски му овозможува на својот ментор Никола Груевски да ја избегне правдата за ‘Талир 2’. Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека поранешниот премиер и натаму живее во Унгарија без да се соочи со одговорност за судските постапки што се водат против него во земјава.

„Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија – продолжува да ужива без да се соочи со одговорност, а тоа е можно само поради Христијан Мицкоски“, стои во реакцијата.

На крајот од соопштението, СДСМ порачува дека, според нив, „вистината излегува на виделина“ и дека очекуваат да дојде „времето на правдата и одговорноста“.

Претходно, судот донесе одлука со која Никола Груевски беше ослободен од обвинението во предметот „Талир 2“, а беше укината и мерката за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како „Белата палата“. Одлуката предизвика реакции во јавноста и меѓу политичките парти

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец осомничен дека со повеќе од 30 убоди го убил својот татко
Следна Статија (ВИДЕО) Пожар во струмичко Ново Село, огнот се шири и кон црквата „Св. Петар и Павле“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: „Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети е во паника. Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет

Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

Да не побарале амбасадорите Ахмети никогаш немало да го истакне државното знаме

Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија…

July 23, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за општините каде се правеа дополнителни мерења и анализи,…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?