Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нетанјаху прогласи историска победа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Нетанјаху прогласи историска победа
СВЕТ

Нетанјаху прогласи историска победа

Објавено June 25, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Израелскот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“. Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на невиден начин“ и му се заблагодари за „неговата улога во одбраната на Израел и отстранувањето на иранската нуклеарна закана“.

Тој истакна дека нападот на САД врз Иран „е плод на дипломатската кампања што ја водеше со министерот Рон Дермер“.

-Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече Нетанјаху, неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

Нетанјаху тврди дека американските сили го уништиле подземниот објект за збогатување ураниум во Фордо.

-Ако некој, ако некој во Иран се обиде да ја обнови нуклеарната програма, ние ќе дејствуваме со иста решителност, иста сила, за да го спречиме секој таков обид, повтори тој.

„Повторувам – Иран нема да има нуклеарно оружје“, продолжи тој.

Нетанјаху се пофали дека Израел ја уништил иранската програма за балистички ракети и повеќето од неговите лансери.

-Израел му нанесе тешки удари на злиот режим, повтори тој. Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, велејќи: „Мораме да го победиме Хамас и да ги вратиме заложниците“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг
Следна Статија Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Медведев: На Трамп нема да му дозволат да ја сопре војната во Украина, ако навистина се обиде може да заврши како Џон Кенеди

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, доколку победи на изборите,…

November 3, 2024
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на РС Милорад Додик

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик.…

August 4, 2025
СВЕТ

ФОТО: Орбан на средба со Трамп и Маск

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск на имотот на Трамп…

December 10, 2024
СВЕТ

Почна со работа Одборот за мир

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешените прашања за…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?