Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не „паѓаат“ цените на недвижнините: Изгор скапи станови во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Не „паѓаат“ цените на недвижнините: Изгор скапи станови во Скопје
ЕКОНОМИЈА

Не „паѓаат“ цените на недвижнините: Изгор скапи станови во Скопје

Објавено June 10, 2025 08:39
Сподели
Сподели

Од 1700 до над 2500 евра за метар квадратен треба да издвојат граѓаните за сопствен стан во Скопје , за изнајмување ретко каде се наоѓа под 300 евра месечно. Трендот на раст на цените на недвижнини во изминатите години во цела држава не стивнува, па така веќе има огласи каде квадратот е и 2700 евра, пишува ТВ Алфа.

Веројатно високите цени ја намалија побарувачката, но сепак не доволно за да падне цената за квадрат во Македонија.  Спооред податоците од Агенцијата за катастар на недвижнини има благ пад – односно во првиот квартал годинава бројот на купопродажби паднал за 11 отсто во однос на последниот квартал лани.  Годинава продадени се 1947 станови за што граѓаните потрошиле над 137 милиони евра, а продадени биле 623 куќи. Според ситуацијата на пазарот, градежниците не очекуваат пад на цената во скоро време

Во моментов не може да се очекува пониска цена, а тоа е поради една единствена причина дека во општините со големи трансакциски активности побарувачката од понудата е многу поголема, се додека побарувачката е голема не може да се очекува стабилизација … Во моментов според последните статистички податоци се уште гледам, дека има некој благ раст на цените на становите кој го следи трендот минатите години но сега е тој е позабавен и се должи на помалата побарувачка , вели Андреа Серафимоски – Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали.

Само израмнување на понуда и побарувачка би можеле да доведе до стабилизација на цените  Ако во минатото тие што живеат во Македонија сакале да инвестираат во недвижнини, сега интересот е зголемен и од граѓаните од  дијаспората кои препознаваат можност за профит.  Не само новите градби, зголемени се цените и на становите на старите градби .

Забележлив е и растот на цените за изнајмување стан. Во Скопје ретко каде се наоѓа стан под 250 – 300 евра месечно.  Според податоците за првиот квартал најмногу закупи се регистрирани во февруари, и тоа вкупно 883. Вкупно 2,327 објекти се издадени под закуп, и нивната вредност достигнува 874 илјади евра.

Извор: https://alfa.mk/izgor-skapi-stanovi-vo-skopje/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: 9 милиони евра завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче
Следна Статија 30 дена притвор за Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА

Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме подготвен план за надминување на ситуацијата

Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да го продолжат растот додека американските акции паѓаат

Азиските акции достигнаа рекордно ниво, а доларот опадна пред извештајот за работни места во САД, по слабата малопродажба која ја…

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото може да достигне 5000 долари

Цената на златото би можела да достигне речиси 5.000 долари за унца доколку нападите на Доналд Трамп врз независноста на…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?