Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД
ПОЛИТИКА

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Објавено November 8, 2025 13:38
Сподели
Сподели

Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра., изјави екс министерот за земјоделство од СДСМ, Љупчо Николовски.

Во продолжение неговата прес конференција

Големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме, вистинската слика за ова владеење: држава заробена од партиски и лични интереси, корупција и неспособни кадри.

Овој скандал, според информациите коишто ги имаме, веќе има најава и можно е Европската унија да ги стопира финансирањата во ИПАРД-3 програмата од Европската комисија.

Во ризик се ставени 128 милиони евра од целата 7 годишна програма, пари кои требаше да бидат двигател на нашето земјоделство.

Тоа значи дека нема повеќе нови повици, најавите за новите повици не можат да се отворат, нема нови договори коишто ќе бидат склучени, но исто така и нема исплати за проектите коишто тековно се финансираат.

Илјадници земјоделци и агробизнисмени кои ги имаат планирано своите инвестиции на основа на овие средства или веќе реализираат инвестиции, сега се соочуваат со неизвесност, ризик и страв да не ги изгубат овие вложувања.

Губењето на правото на располагање со европските средства, кои се главен извор за модернизација на македонското земјоделство, за набавка на механизација, за опрема во преработувачките капацитети и изградба на нови, за поддршка на бизнисите во руралните средини, ќе го закочи целиот развој и ќе ја намалат конкурентноста на домашниот и европскиот пазар.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, поддршката од ЕУ е под знак прашање. Во 2017 година затекнавме иста состојба, државата беше на раб да го изгуби европското финансирање во земјоделството, со само 12% искористеност на средствата.

Оттогаш па наваму, седум години макотрпно работевме и со Европската унија изградивме ефикасен и професионален систем дома за поддршка и ефикасна искористеност на ИПАРД програмата.

Така, од 12% стигнавме до целосна искористеност на ИПАРД-2 програмата. Станавме лидери во регионот по искористеноста на ИПАРД и во секое село може да се види таблата на еден од 2.369 реализирани проекти.

А што имаме денес? Системот што го создадовме е уништен за само една и пол година власт на ВМРО-ДПМНЕ. Од први станавме последни, и со ризик, поради овој корупциски скандал, да бидат стопирани 128 милиони евра за земјоделците.

Година и пол алармиравме дека ИПАРД-3 програмата е предмет на злоупотреби. Повеќе пати го дискутирав тоа и во Македонското собрание. Изнудувањето на пари, чувањето на предмети во фиоки и на биро, неажурноста, заминувањето на голем број професионалци и партиските унапредувања, на што реагираше Брисел, беа сè поизразени.

А завчерашната акција е само кулминација, која, за жал, не нè изненади, но последиците ќе бидат огромни.

Почитувани, последиците од овој скандал се огромни и одговорност мора да има. Како земја кандидат за членство во Европската унија, која нема друга алтернатива, Македонија е должна да демонстрира транспарентност, одговорност и функционални институции.

Секое нарушување на довербата од страна на европските партнери го компромитира кредибилитетот на државата и води кон нови мерки, како: построг надзор, губење на финансиска поддршка и забавување на процесот на евроинтеграција.

Во суштина, ова не е само удар врз земјоделците, туку и врз иднината на земјата како транспарентна, модерна и европска држава.

СДСМ очекува целосна морална, политичка и кривична одговорност од секој што е вмешан во овој корупциски и криминален скандал. Одговорност мора да има и за последиците коишто ќе следат. Не може земјоделците, луѓето коишто ја хранат оваа држава и се двигател на македонската економија, да бидат жртви на корупцијата и на неспособноста на оваа власт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Со багери се чисти коритото на реката Вардар
Следна Статија Трипуновски му врати на Николовски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој…

December 24, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на…

February 21, 2026
ПОЛИТИКА

Шилегов: Актуелното раководство на партијата врши самоубиство со умисла на СДСМ

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата смета дека актуелното раководство…

January 21, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДУИ повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да заштити криминалци како Груби

ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи,…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?