Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новиот ирански лидер го почна мандатот со ракетни напади низ регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Новиот ирански лидер го почна мандатот со ракетни напади низ регионот
СВЕТ

Новиот ирански лидер го почна мандатот со ракетни напади низ регионот

Објавено March 9, 2026 10:36
Сподели
Сподели

Иран ги одбележа првите часови по назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер со серија ракетни и дронски напади кон Израел и повеќе земји од Персискиот Залив, што дополнително ја засили ескалацијата на Блискиот Исток.

Иранската државна телевизија објави дека е лансиран „првиот бран ракети под водство на Моџтаба Хамнеи“, насочени кон израелска територија. Според израелските власти, во нападите е полесно повредена една жена.

Во текот на ноќта ракети и беспилотни летала биле насочени и кон повеќе држави од регионот, меѓу кои Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Ирак, додека војната меѓу Иран и коалицијата предводена од САД и Израел продолжува да се проширува

Напади во Бахреин и Катар

Еден од најсериозните напади се случил во Бахреин, каде што според локалното Министерство за здравство се повредени 32 цивили, од кои четворица се во тешка состојба. Меѓу повредените има и деца.

 

Очевидци пријавиле густ чад во близина на нафтената рафинерија Бапко, која беше погодена и неколку дена претходно.

 

Експлозии биле пријавени и во главниот град на Катар, Доха, каде што противвоздушната одбрана пресретнувала ракети и дронови.

 

Инциденти и во Ирак

Беспилотни летала биле забележани и во близина на американска воена база кај Ирбил во Ирачки Курдистан. Ирачките безбедносни сили соопштија дека пресретнале ракети и дронови насочени кон дипломатската мисија на САД во близина на аеродромот во Багдад.

 

Поради растечката ескалација, американскиот Стејт департмент им нареди на дел од дипломатскиот персонал во Саудиска Арабија да ја напуштат земјата од безбедносни причини.

 

Првпат син го наследува својот татко

Моџтаба Хамнеи беше назначен за врховен лидер од страна на иранското Собрание на експерти, откако неговиот татко, ајатолах Али Хамнеи, беше убиен на 28 февруари во напад на американски и израелски сили.

 

Изборот на Моџтаба Хамнеи се смета за еден од најконтроверзните во историјата на Исламската Република, бидејќи за првпат син го наследува својот татко на позицијата врховен лидер.

 

Критичарите предупредуваат дека ваквиот потег може да се протолкува како воведување елемент на наследно владеење во систем што настанал по револуцијата од 1979 година со силна анти-монархистичка идеологија.

 

Израел возврати со напади

Израелските одбранбени сили соопштија дека како одговор започнале нов бран напади врз воена инфраструктура во централен Иран.

 

Експертите предупредуваат дека нападите и новото раководство во Техеран може дополнително да ја прошират војната на Блискиот Исток.

 

Регионалните сили и западните држави внимателно ја следат ситуацијата, стравувајќи дека конфликтот би можел да ги наруши енергетските пазари и глобалната безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Scoop: White House casts doubt on Pentagon-Anthropic reconciliation – Axios
Следна Статија RFK Jr.’s dunk on Dunkin’ riles up New Englanders: ‘Come and take it’ – The Washington Post

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Ограбен е замокот Виндзор: Вилијам, Кејт и децата спиеле во тоа време

Маскирани разбојници упаднале во просторот на замокот Виндзор додека принцот и принцезата од Велс и нивните деца спиеле во нивниот…

November 18, 2024
СВЕТ

2030 – Реален рок за прием на нови членки во ЕУ или само неостварлива амбиција

Идејата за ново проширување на ЕУ во 2030 година ја промовираше поранешниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел на Бледскиот…

September 15, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Ким Џонг-ун патува со оклопниот „зелен воз“ кон Пекинг

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, тргна од Пјонгјанг со својот препознатлив зелен оклопен воз и во утрово ја премина…

September 2, 2025
СВЕТ

Орбан: Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати предлогот за прекин на огнот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека предлогот за прекин на огнот во Украина за време на Божиќ и натаму…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?