Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата
МАКЕДОНИЈА

Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата

Објавено January 26, 2026 11:48
Сподели
Сподели

Враќање на довербата во институцијата народен правобранител, соработка и кадровска екипираност ќе бидат во фокусот на новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами, кој денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод стапувањето на функцијата.

Претседателот на Собранието, Гаши, му ја честита функцијата на Селами посакувајќи му успех и порача да биде во служба на народот, да ги брани правата на сите граѓни, без разлика на нивната етничка, религиозна и партиска припадност.

– Да им се заблагодарам на сите пратеници, и на тие од немнозинските заедници, кои сите заедно во петокот застанавме, пред сè, во деблокирање на една многу важна функција како што е народниот правобранител. Мислам дека тоа е единствениот начин како треба да работиме во Собранието, отворено, преку дијалог, изнаоѓајќи решенија што се во интерес на сите граѓани – изјави Гаши.

Селами истакна дека ја прифаќа функцијата, се заблагодари за укажаната доверба и соопшти дека ќе работи професионално, непристрасно, со највисока посветеност кон граѓаните, со почитување на Уставот и законите.

Тој информира дека негов приоритет е да се врати довербата во институцијата народен правобранител.

– Во тој правец ќе работиме со сите релевантни фактори, со Собранието и со Владата за првин да се направи кадровска екипираност на институцијата народен правобранител. Таа институција кадровски е преполовена, а нè очекува избор на осум заменици на народниот правобранител. Имам информација дека има еден предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, кој ќе треба да го видиме уште еднаш со стручните служби и во соработка со Собранието на Северна Македонија во најбрз можен рок да ги поминеме тие законски измени. Тоа се приоритетите – нагласи Селами.

На новинарско прашање дека институцијата Народен правобранител најчесто се соочувала со немање слух кај другите институции и како ќе се справат со тоа, Селами вели дека тоа е предвидено во измените од Законот за народниот правобранител, односно, како што рече, да има можност да изрекува и прекршоци.

– Сега единствена алатка ни се медиумите. Со препораки, со јавен укор и во соработка со медиумите. Мислам дека ќе треба во законските измени да има и прекршочни одредби доколку со друг начин не може да се почитуваат препораките на народниот правобранител – појасни Селами.

Фатон Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој на 12 јули 2025 година го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање.

Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит.

Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор во согласност со Законот и процедурите на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД ќе вложат 1,6 милијарди долари во рударска компанија за ретки земји
Следна Статија Технолошки гиганти се подготвуваат за извештаите за четвртиот квартал: Анализа на Apple, Microsoft, Tesla и Meta

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Прво проверка дали сте подобни, па после ќе полагате за дозвола за оружје

Преку новата апликација за оружје, целосно е променет процесот во МВР, сега наместо прво да плаќате за обука за поседување…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДЕМАНТ: Адреналинскиот парк е изграден по највисоки европски стандарди, секоја година поминува ригорозна инспекција од производителот од Словенија

Компанијата која стопанисува со Адреналинскиот парк во Скопје, Адвентуре сиде ДОО Скопје излезе со демант во врска со веста објавена…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ставен под контрола пожарот во парк шумата Гази Баба

Тежок пожар попладнево изби во парк шумата Гази Баба над Природно-математичкиот факултет. -На лице место веднаш се упратиј пожарникарите од…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?