Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов пораз на макеоднските млади фудбалери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Нов пораз на макеоднските млади фудбалери
СПОРТ

Нов пораз на макеоднските млади фудбалери

Објавено November 13, 2025 19:35
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша уште еден разочарувачки резултат во квалификациите за Европското првенство.

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, младите надежи беа поразени од Шведска со убедливи 1-4.

Тоа е четвртиот пораз во пет натпревари за младите македонски фудбалери.

Натпреварот започна со оптимизам. Во 12. минута, Елези ја искористи првата вистинска шанса и со прецизен удар донесе водство од 1-0 за Македонија. Тоа беше момент на надеж и еуфорија за домашната публика, која и покрај „срамна“ бројка.

Но, Швеѓаните брзо се консолидираа. Само десет минути подоцна, Оморовa со два гола во 20-тата и 22.минута направи целосен пресврт.

Македонија не успеа да се врати во игра, а гостите ја презедоа контролата врз средината и темпото на натпреварот.

Во второто полувреме, Сонко во 60. минута зголеми на 1-3, користејќи грешка во одбраната на домаќините. До крајот, Будри во 79. минута го постави конечниот резултат 1-4.

Со овој пораз, Македонија останува на претпоследното место во групата, со само три освоени бода од пет одиграни натпревари.

Следниот натпревар е закажан за 18 ноември, повторно во Битола, каде Македонија ќе се соочи со силната селекција на Полска.

Мечот започнува во 17:00 часот, но останува прашање дали битолската публика, која денеска делумно го бојкотираше натпреварот, ќе се врати на трибините за да даде поддршка на младите фудбалери.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар
Следна Статија (ФОТО) Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска, пронајдено е телото на пилотот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Муслиу: Можеме квалитетно да играме со големите репрезентации

Македонската фудбалска А-репрезентација денеска патува за Гент каде што на 10. октомври ќе одигра натпревар со Белгија од квалификациите за…

October 8, 2025
СПОРТ

Серафимов ја „чекираше“ Македонија во Б-дивизијата во Лигата на нации

Во претпоследниот натпревар од ова издание на Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија со 1:0. Со…

November 15, 2024
СПОРТ

(Видео) Црвена звезда го победи Партизан, Недовиќ повторно херој

Кошаркарите на Црвена звезда, како гости во белградска Арена, го совладаа Партизан со 73:71 во 24. коло од Евролигата. По…

February 1, 2025
СПОРТ

Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“ на синоќешната церемонија во организација на „Лига…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?