Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов пораз на макеоднските млади фудбалери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Нов пораз на макеоднските млади фудбалери
СПОРТ

Нов пораз на макеоднските млади фудбалери

Објавено November 13, 2025 19:35
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша уште еден разочарувачки резултат во квалификациите за Европското првенство.

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, младите надежи беа поразени од Шведска со убедливи 1-4.

Тоа е четвртиот пораз во пет натпревари за младите македонски фудбалери.

Натпреварот започна со оптимизам. Во 12. минута, Елези ја искористи првата вистинска шанса и со прецизен удар донесе водство од 1-0 за Македонија. Тоа беше момент на надеж и еуфорија за домашната публика, која и покрај „срамна“ бројка.

Но, Швеѓаните брзо се консолидираа. Само десет минути подоцна, Оморовa со два гола во 20-тата и 22.минута направи целосен пресврт.

Македонија не успеа да се врати во игра, а гостите ја презедоа контролата врз средината и темпото на натпреварот.

Во второто полувреме, Сонко во 60. минута зголеми на 1-3, користејќи грешка во одбраната на домаќините. До крајот, Будри во 79. минута го постави конечниот резултат 1-4.

Со овој пораз, Македонија останува на претпоследното место во групата, со само три освоени бода од пет одиграни натпревари.

Следниот натпревар е закажан за 18 ноември, повторно во Битола, каде Македонија ќе се соочи со силната селекција на Полска.

Мечот започнува во 17:00 часот, но останува прашање дали битолската публика, која денеска делумно го бојкотираше натпреварот, ќе се врати на трибините за да даде поддршка на младите фудбалери.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар
Следна Статија (ФОТО) Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска, пронајдено е телото на пилотот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вембањама лупна со главата во паркетот (ВИДЕО)

Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, доби дијагноза потрес на мозокот во вториот натпревар од осминафиналето на НБА против…

April 22, 2026
СПОРТ

(Видео) Страшен инцидент во Имола, Цунода леташе со болидот

Со страшен инцидент започнаа квалификациите за трката на Големата награда на Емилија Ромања. Јуки Цунода, возачот на Ред Бул Рејсинг,…

May 17, 2025
СПОРТ

Повеќе од македонскиот буџет: НФЛ шампионот Сиетл продаден за 9,6 милијарди долари

Индискиот 71-годишен технолошки инвеститор Винод Хосла ќе го купи шампионот во американската НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди американски долари.…

July 13, 2026
СПОРТ

Вака се тепаа фановите на Селта и Лион

Судири меѓу навивачи на Селта Виго и Олимпик Лион избувнаа во среда навечер, што резултираше со неколкумина полесно повреди, соопшти…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?