Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак Југослав Николовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак Југослав Николовски
ХРОНИКА

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак Југослав Николовски

Објавено November 12, 2025 16:06
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, на пешачката патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и потоа избегал од местото на настанот.

Според одбраната, обвинетиот непосредно пред почетокот на рочиштето се пожалил на болки во стомакот, по што директорот на КПУ Затвор Скопје доставил до Судот специјалистички упат од Здравствен дом Скопје за упатување на Љури на Клиниката за дигестивна хирургија при УКК „Мајка Тереза“.

По увидот на упатот и изјавата на обвинетиот дека не се чувствува добро и не може да ја следи расправата, Судечкиот совет побара присуство на медицинско лице за да ја утврди неговата моментална здравствена состојба.

-Со оглед на изнесеното од бранителот на обвинетиот и доставената медицинска документација за обвинетиот, како и исказот на обвинетиот пред започнување на расправата дека не се чувствува добро дека не може да следи расправа и да учествува активно во постапката, Советот цени за потребно да се повика медицинско лице заради преглед на обвинетиот и констатирање на неговата моментална здравствена состојба и способност да го следи текот на расправата, беше посочено од страна на претседателката на Судечкиот совет.

По извршениот преглед од страна на доктори од Брзата помош, Советот оцени дека не се исполнети законските претпоставки за одржување на главната расправа и донесе решение таа да се одложи за 21 ноември.

Судот посочи и дека двајцата сведоци, Дина Цириковиќ, предложена од одбраната на оштетениот, и Хамза Ибрахим, кој бил со обвинетиот на местото на настанот, не присуствуваат на денешното рочиште. Цириковиќ, според Судот, поради нестабилна психичка состојба, а Ибрахим и покрај уредната покана не се појавил.

Обвинителството го товари Фатон Љури за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи. Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци. Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Југослав Николовски, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и сопатникот на моторот.

Во обвинителниот акт се наведува дека наместо обвинетиот да укаже помош, тој го напуштил местото на несреќата, оставајќи го моторот зад себе. Пешакот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обложувачите го истакнаа фаворитот за следен тренер на Giants по отпуштањето на Брајан Дабол
Следна Статија Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО)Карамбол во Чаир – се судрија четири возила

Голема сообраќајна несреќа се случила денеска во населбата Чаир, на улицата која води до гимназијата „Зеф Љуш Марку“. Според првичните…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Притворен маж кој ја давел и со боксови ја удирал поранешната сопруга

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда. Како што соопшти државното…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Почина Д-р Коста Балабанов, еден од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство

На ден 5.2.2026 година на 96 годишна возраст почина Д-р Коста Балабанов. Посмртните останки ќе бидат изложени на 7.2.2026 година-сабота…

February 6, 2026
ХРОНИКА

Сообраќајка на патот Кичево- Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

Од 15.25 патниот правец Кичево-Гостивар е во прекин во двата правци, поради случена сообраќајна незгода. соопштуваат од АМСМ.

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?