Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ ќе точиме поскапо гориво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од полноќ ќе точиме поскапо гориво
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ ќе точиме поскапо гориво

Објавено November 10, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%.

Од 11 ноември 2025 од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,50 ден/л
моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,50 ден/л
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 72,00 ден/л
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 ден/л
мазут М-1 НС 36,427 ден/кг
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 денари/килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари/килограм.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Додека Трамп е претседател, нема да има санкции за Унгарија
Следна Статија Пендаровски го обвини Фрчкоски за „кафеанско озборување“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Amazon предизвикува конкуренти со ‘AI фабрики’ во соработка со Nvidia

Ако името на производот ви звучи познато, тоа е во соработка со Nvidia, комбинирајќи ги AWS технологиите со технологијата на…

December 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада

Денес сме тука да ја испратиме силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата

Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од…

December 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?