Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 1 јули намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од 1 јули намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали
ЕКОНОМИЈА

Од 1 јули намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали

Објавено May 29, 2026 15:05
Сподели
Сподели

Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени, како што информира Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на царинските стапки што важат во Европската Унија.

Намалувањето на царинските стапки опфаќа 70 суровини, репроматеријали и компоненти што се користат во домашните производствени капацитети за производство на високо финални производи, за да се зголеми извозната конкурентност на македонската индустрија.

-Со оваа законска измена се реализираат определбите од Програмата за работа на Владата 2024–2028 година, во делот на постепена хармонизација на царинските стапки со стапките што се применуваат во Европската Унија, прилагодени на извозно-увозните потреби на македонската економија. Измените се подготвени во консултација со Стопанската комора на Република Северна Македонија и претставуваат продолжување на царинската политика насочена кон поддршка на домашната бизнис заедница и зајакнување на конкурентноста на преработувачката индустрија. Со Предлог-законот се предвидува целосно усогласување на дел од царинските стапки со нивото на стапките што важат во Европската Унија, со што дополнително се унапредува усогласеноста со Царинската тарифа на ЕУ, имајќи ги предвид и правилата на Светската трговска организација. Мерката директно ќе придонесе за поддршка на автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата, а се очекува позитивно влијание врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и бројот на вработувања, наведува Министерството за финансии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намален бројот на невработени лица
Следна Статија Совети за старост без деменција: Неколку правила за стимулација на телото и умот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кока-Кола именува нов главен извршен директор Хенрике Браун

Извршниот потпретседател и главен оперативен директор на Кока-Кола, Хенрике Браун, ќе стане главен извршен директор на 31 март.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од полноќ.…

July 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

ChatGPT воведува нов алат за истражување на производи за купувачи

OpenAI претставува иновативна функција за пазарно истражување во ChatGPT која овозможува персонализирани водичи за купување за корисници

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?